QUO VADIS Македонијо

Day 1,707, 00:51 Published in North Macedonia North Macedonia by dedo mraz 78
Здраво Македонци,

ќе ја почнам статијата со една народна поговорка „ Теле можеш да научиш , ама Вол не “

Вчерашната битка за Албанскиот брег беше реприза од битката пред 1 и пол месец , односно тоа што го направија тогаш го направија и сега.

А ние никако да се освестиме или некако сме себични , па никако да си признаеме дека имаме и еБебиња за кои треба да се грижиме а кои можат многу повеќе да ни вратат од тоа што сме вложиле во нив .

Само со еден поглед на статистиката од битката за Албанскиот Брег ќе ви стане јасно зошто изгубивме - мислам кој може да види .

Споредба на http://test.egov4you.info на Македонија и Албанија.
Како што може да видите изгубивме во 1 и 2 дивизија, или во превод 13 битки
пати 3 поена од 1 и 2 дивизија тоа се 39 поена .

Досега се изнаслушавме приказни за државната армија ама од неа ништо не видовме .
Исто така имаше едно чудо критичари на тоа да се формира Ракетна Единица , со изговори дека била многу скапа или во 1 и 2 дивизија сето тоа било мултиња и ќе биле џабе фрлени пари .

А едно прашање до сите , не фрливме вчера сите пари ама резултат не видовме ??

И сегаќе се изначитаме статии како сме изгубиле дека Ромпер пукал со картички и дека против тоа не се може.

Е тука има еден мал проблем , со сегашниот модел Ромпер не ја доби сам битката туку битката ја добија тие мали војничиња кои ние упорно ги игнорираме со разни изговори.

Тие мали ама упорни војничиња кои пукаа во 13 мини битки е тие ја добија ВОЈНАТА а не Ромпер и неговите картички . Тие мали виничиња и донеса победа на својата земја и покажаа зошто губиме.

И сега ќе се навратам на народната од почетокот. Тие „ ТЕЛИЊА “ ќе се научаат од почеток како е да се сака земјата и ќе се борат до крај , ама и државата треба нив да им врати со донации .
Додека кај нас се обележани со Мултиња и ги третираат како лепрозни затоа што се многу слаби , некои ја виделе предноста во тоа и ги искористуваат .

Државната Армија на Македонија не и потребна за 3 и 4 Дивизија , потребна е Државна Армија од еБебиња кои ќе ја добиваат секоја битка и кои ќе бидат опремени комплетно , армија која ќе расте задно со државата и како и ќе напредува држата ќе напредува и Армија. Мора на тие бебиња да им се всади Победнички Дух во нив .
Зошто ако од сега ги направиме губитници , немаме никаква ИДНИНА.