Prime Lords регрутација

Day 2,484, 08:45 Published in Chile North Macedonia by iPocahontas

Поздрав народе.

Поминаа летните одмори, и не само тие туку и е-летните одмори. Време е да се вратиме во форма и со полна пареа да продолжиме да го градиме тоа што сме го започнале.

Оваа единица се создаде со раѓање на предлог за спојување на две единици кои беа поприлично слаби и без организација, се разбира се со цел на е-Македонија да и се помогне и штетата да правилно и навремено насочена.

Оваа единица е доказ и пример за останатите дека и невозможното може да стане реалност доколку се има желба и не се чека другиот да ја заврши работата.

Имаше многу луѓе кои беа скептици дека ваков тип на единица (фузирана) може да опстои и дека ,,ќе се исцеди’’ за краток рок зошто била ,,мулташка единица’’. Но за жал устата на троловите остана затворена со текот на времето. Ние сеуште стоиме цврсто на нозе и немаме ниту еден баниран наш член што во потполност ги демантира горенаведените тврдења.



Продолжуваме и понатака да ја градиме единицата и да ја направиме да биде во врвот на е-Македонија. Секако и за ова нема празни зборови можете да видите дека станавме констатни во направената штета на неделно ниво, секоја недела сме 5-6то место во е-Македонија, што не е ни случајно, а не е ни привремено.

Сведоци се и многуте бебиња на кои им се помага за да ги надоградат теретаните според однапред одредена програма. Досега успеавме да помогнеме на многу играчи во врска со теретаните што е уште еден доказ дека не сме јаки само на зборови туку зборовите се поддржани од делата кои ги правиме.

За да успееме да продолжиме по патот кој пред многу месеци го зацртавме ни требаат нови сили, нови играчи во единицата.



За да опстоиме и да бидеме во врвот најголема потреба имаме од играчи кои се во Д3 и Д4 зошто тие го носат товарот на единицата и тие ја прават штетата. Како награда за сите членови на ПЛ има рефунд систем:

- Секој вторник по 20 Q7 тенкови рефунд со пополнување на документ кој се поставува на МУ ѕидот и на нашиот чет #mkd.phantom

- Неколку пати неделно (по потреба) заедничко пукање со бонус тенкови за првите 3ца што ќе направат најголема штета на заедничкото пукање и тоа во следниот редослед:

- 1-во место 20 тенка
- 2-ро место 10 тенка
- 3-то место 5 тенка


- Секоја недела за играчите кои ќе бидат во топ 3 на неделна штета има бонус тенкови и тоа во следниот редослед:

- 1-во место 100 Q7 тенкови
- 2-ро место 50 Q7 тенкови
- 3-то место 25 Q7 тенкови

И не е само тоа. Отворени сме за соработка со останатите послаби единици:

- Единици со мал број на членови
- Единици без рефунд систем
- Единици без организација


Можете слободно да контактирате некој од командирите или замениците за да дискутираме на темата за евентуално приклучување кон нас. Верувајте дека ќе бидете примени како што сакате вие па ако сакате може да ви се додели и посебна регимента само за вашите членови со сопствен капетан. За се можеме да се договориме само ако се има желба.



Се што би кажал понатака би било вишок.

Приклучете се и уверете се во нашите заложби за што подобра единица и посилна држава.

Сите сте добредојдени.

За поделтани информации обратете се кај:

Командирот:

- Desetka so Kromid

Заменици:

- akconel

- Vojne

Со почит.

Приме Лордс.