Oколу можниот поход кон Кина

Day 1,445, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Revolucioner903

Во последно време се почесто наидуваме на разни аспирации за ширење на Мекедонија во Азија и напуштање на сегашните територии и се што до сега е изградено. Секако ваквите идеи се последица од желбата за нови предизвици а и наплата на нашиот стар долг од Кина. Ваквите идеи склопени во една убава слика во која ние би имале 10/10 ресурси изгледаат совршено, но реалноста има и друга страна а тоа се сите проблеми што би произлегле во реализацијата на едно вакво сценарио, а оваа статија ја има токму таа цел, да ги изнесе ваквите проблеми на виделина се со цел да добиеме појасна слика и внимателно да го изиграме нашиот следен потег.


Еве некои од причините за кои јас лично сметам дека ваквиот план е во најмала рака ризичен и тешко остварлив:


1. Доколку ги погледнеме статистиките ќе забележиме дека Кина прави поголем инфлуенс од нас:




Инфлуенс на ден 3/11/2011



Инфлуенс на ден 2/11/2011



Инфлуенс на ден 1/11/2011



Во просек Кина прави некојси 60-тина милинони повеќе дневен инфлуенс од нас. Некои ќе кажат дека ова се должи на големиот број грчки државјани со кинеско државјанство но истите тие верувам дека би си ги задржале државјанствата и би останале да маваат против нас.


2. Преминот преку Иран ќе биде коплициран и тежок, ако ги погледнеме сојузниците на Иран, ќе видиме дека сите негови сојузници се и наши сојузници, односно при евентуален напад од наша страна ќе ги изгубиме МПП-ата со дури 19 сојузници!
На втората варијанта не ни размислувам, односно сметам дека е невозможно да договориме Иран да не нападне нас и да си ги изгуби буквално сите сојузнички МПП-а.


3. Сигурно се сеќавате на нападот на ОНЕ врз Кина. Тогаш 4 држави (Полска, Србија Индонезија и Иран) не успеаа да ја совладаат Кина, не ми е јасно зошто сега некој мисли дека сами би можеле?


4. Временска разлика во полза на Кина. Кина има идеална покриеност на инфлуенсот преку цело деноноќје. Во денските битки има моќни европски сојузници кои ги покриваат додека они спијат а во раноутринските битки се апсолутно доминантни, покрај самите Кинези во овој период ги имаат на располагање и Северно Американските и Јужноамериканските сојузници. Кај нас ситуацијата е сосем различна, односно нашите сојузници кои се достапни во раноутринскиот период, а тоа се Индонезија, Мексико, Јужна Кореја и уште неколку помали сојузници, немаат ама баш никаква шанса да ми се спротистават на моќните Кина, Америка, Бразил, Канада, Аргентина. Ова заначи дека се што евентуално би освоиле бреку ден, истото би го изгубиле преку ноќ.


5. Моментално имаме 6/10 ресурси, со можност многу брзо и лесно да стигнеме до 8/10 ресурси. За да стигнеме до ваква позиција напорно се работеше повеќе од 2 месеци, и уште без изработено ни еден ден со 8/10 ресурси веќе се прават нови ризични планови со кои многу лесно би се вратиле на матичните три ресурси, сиот труд би отишол во вода и повторно ќе треба да се мачиме со недели па и месеци за да стигнеме на позицијата каде што сега сме. Мислам дека сега треба да влеземе во релативо мирен прериод и да видиме и ние некое фајде од тие 8/10 ресурси и да зајакнеме економски, а не без ни да ги почуствуваме тие 8/10 ресурси да тргнеме по 10/10 и да завршиме со прстот во уста.


6. Нашето дистанцирање од Балканот несомнено ќе го промени односот на силите во регионот со што би ги ставиле на директен удар нашите најблиски сујузници Србија, Турција и Унгарија. Од тука не очекувам нивна значителна подршка во нашата Кинеска кампања, со што нашите шанси за успех во Азија изгледаат минимални.


7. Исто како што не истераа од Блискиот Исток, Кинезите со подршка на Еден/Тера можат да го повторат истото сценарио и во Азија, а знаеќи дека Кина има посебна важност и за Еден и за Тера ова сценарио и тоа како е реално. Сето ова во комбинација со слабата подршка што ние би ја добиле (опишано во точката 6) не прави апсолутно ранливи.


8. Додавањето на Албанија и нејзините ресурси. Значи пред да избрзаме со Азиски поход за ресурси треба прво да почекаме, можеби истите тие ресурси би ни биле на дофат веднаш до нас. Доколку ја разгледате мапата ќе приметите дека ресурсот гума воопшто не е присутен во цела Југоисточна Европа па и пошироко. Така да според мене сосема е оправдано и е за очекување Албанија да има ресурс гума.


9. Грците би се ослободиле без ни малку вложен труд. Значи како и претходните предлози за мировен договор со Грција и овде повторно договорот доаѓа по наша иницијатива и повторно им се нудиме бесплатно да им ги остапиме териториите за кои со месеци претходно се мачевме да ги освоиме. Па добро бе луѓе, јасно ми е дека сме дарежлив народ, али што е многу, многу е, нека се помачат малку, нека испразнат уште по некоја картичка, па после ќе правиме муабет.


10. Досадно било. Епа ќе биде досадно кога ве интересираат само битките за Македонија, а кога ќе погледнете малку пошироко и ќе ги отворите и другите битки ќе сватите дека Еден/Тера ни од далеку не се инфериорни, туку напротив работат координирано и си ги остваруваат целите. Епа исто како што пред некој месец ние бевме на тапет на Еден/Тера денес на ред се Турците. Еден/Тера ја увидоа слабоста на ОНЕ и неможноста на сојузот да се координира, и ја користат оваа слабост до максимум. Нивната тактика е да ги насочат сите свои сили против една ОНЕ држава, а ОНЕ нема соодветен одговор на ова. Тоа беше случај со нас, па после следеа Србија, Шпанија, Индонезија, Унгарија, за сега на ред да дојде Турција.
Епа ако ви е досадно затоа што победуваме, повелете помогнете им на Турците кои губат под притисок на Еден/Тера. И немојте да мислите дека нема повторно да станеме приоритет бр 1 за Еден/Тера, напротив тоа ќе дојде кога-тогаш, односно доколку се обидеме да се пробиеме кон Кина, тоа тоа ќе дојде веднаш.



Ова се дел од моите размислувања на оваа тема. За ваков сериозен чекор сметам дека треба да се направат сериозни анализи пред да се впуштиме во ваква авантура. Слободно дајте ги вашите мислења на оваа тема во коментар.


За крај дајте еден глас и претплата, ако ништо друго барем за трудот, а ако не за тоа, барем за теткава: