MTO на Пивофест! [Aminta]

Day 2,068, 04:52 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII


*На молба од Аминта Македонецот ја репостирам оваа негова статија поради тоа што моментално е стациониран во Индонезија, целта е да ја види Македонската јавност во поголем број.

Здраво-живо Македончишта!

Одамна не сум пишал никаква статија, па еве се даде и повод и причина со оваа Покана да ја извадам тастатурава од нафталин. Среќа молци не ја изеле 🙂



МТО после толку години постоење - од самото додавање на еМакедонија, има организирано повеќе собиранки, забави, журки, пијанки секаде по Македонија на кои сите наши борци заедно со почесните гости “делегати“, пријатели, добронамерници, па и луѓе што воопшто не чуле до тогаш за играва храбро гинеа на кафанските - бојни полиња и тоа до последен бустер-пиво, последна шопска- и внимателно дозирани нуклеарки-ракија. 🙂
На крај јасно дека само еден е БХ херој со најмногу испиено (најчесто го плаќа цехот 😉) а најчесто тоа се “тенковите - тешкаши“ на МТО - Трале, Бибер, Букефал, Канопи со сите мултиња, Крвник, Ридлер и Венди -у пакет, и од старата клапа кои не се повеќе на играва Апо Неарниот, Кики и Иноут, Киријана, Денис, Баварец,.... (се разбира ако не бидат прцнати од титаните како Аексил Конг) а сите останати се гордо задоволни што се нашле у топ 5 на листата на Плато и не миеле чаши и чинии за направениот цех 😃

Но историјата на МТО во друга прилика, да прејдам на главното...



Чин 1:
Патувачкиот циркуз на МТО викендов пристига во Прилеп и тоа со Воз!
Поводот е Прилепски Пиво Фест а причина е поканата од прилепската стара клапа -олдтајмери на МТО кои во својство на домаќини ќе не нагостат со добра забава, дружење, јадење и многу пиво! (музика намерно изоставив пошто прашање е на вкус за репертоарот а јас на пример повеќе би сакал да ги слушам Крвник, Букефал и АцеЖути како пејат на маса отколку “Ѕвездиве“ на Пивофестот)



Значи сите добронамерници се добродојдени и ги каниме да ни се приклучат во Сабота 20.07.2013 (може да испадне и Недела) на дружба, забава и многу пиво.
Журката ќе почне упште на воз бидејќи првичниот план е да нападнеме уште рано наутро додека сите спијат со возот од 06:48 (нели сме појаки во утринските битки)
Сите што ќе одаѓаат од Скопје или Велес со нас на воз или ќе се затекнат во Прилеп за време на Пивофестот во сабота и Недела нека ме контактираат мене или Букефал во ПП за да се договориме за точниот тајминг и регионот во кој ќе дигаме Востание и ќе гориме барови до последен 😁

Чин 2:
Во Прилеп ќе ја направиме промоцијата на новите МТО маици и МТО фан клубот.
Кој сака да нарача маица со логото на МТО нека ме контактира во ПП за информации.





Венди ако сакаш ваква овој пат ќе си ја купиш! 😁

овој дел од постот че се дотупи покасно со слики 🙂

Покрај домаќините Ghost, Predrag, Alexander Macedon,Papa Smurf и др. досега, присуство на Пивофест во Сабота потврдија:

BucephalusIII
tzar Samoil
gnoj01
Hogar7
CobeMakedonski
Branko C
CaCa.D
doktor dominator
MarioPHELPS
predragmpd
Kartagin
Makedonec21
ElCheG
AngryGrandma
Alexander Macedon
McFresh


Че ом, че јам, че дом, на чош че ме чекаш....

Се гледаме,
Аминта



П.С. Понеделник Ве чекаме сите трезни и освестени да ја ослободиме Македонија!

Дружба си е дружба,
служба си е служба! 🙂