MO-UP Биди дел од нас! [BucephalusIII]

Day 1,856, 00:26 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Доволно ве давев со наредби и војни, сега малце на ред е и со политика не дека ме бива многу за ова како за она претходното, но вреди да се проба 🙂



Сакани и убави мои, MO-UP (Macedonian Order-United Party) e една од еМакедонските партии, која постои повеќе од 1 година. Како и секоја партија, се бори за повеќе членови, личности кои ќе ја поддржуваат, бара начин да покаже дека е достојна партија за почит и се труди да се покаже во најдобро светло.

Особено сега пред конгресменските избори, тензијата е голема. Секоја партија се обидува на секој можен начин да го привлече вниманието на секој играч. Го разбирам тоа, во ред е. Но сепак, со тоа што барате начини да ги омаловажите партиите и да наоѓате дупки во нивниот начин и работа е неоправдано. Тоа е најлошиот начин да придобиете нечија лојалност и доверба. За жал, постојат такви партии, кои сакаат на туѓи дланки да изградат победа. Сепак MO-UP како партија, ќе го задржи својот морал и достоинство, и нема да погази никој и ништо само за да успее. Секој работи на свој начин, и неможете да го обвинувате. Ме изреволтираа нечии постапки, не би сакал да именувам никого, само ќе кажам дека доколку некој ве замоли, ве повика во својата партија незначи дека прави лоша работа. Затоа што ти неможеш да сториш нешто на сила, секој има право на свој избор и одлучност да знае што сака и што прави.

Но, веќе нема да спомнувам други партии. Чесно е, да се зборува за тоа што ние самите имаме да го понудиме,да ги приложиме пред вас, нашите добри и лоши страни, а ние тоа и ќе го направиме. Неможеме да зборуваме за нечија работа, дали е извршувана добро или лошо, тоа што се случило го оставаме зад себе. Секој проблем што ќе настане, секоја ситуација, секои неправилни постапки ќе се потрудиме да ги исправиме и решиме.

Воопшто не е лесно да се справиш со се, и да го донесеш правилното решение.
Функцијата конгресмен, сама по себе носи одговорност и пожртвуваност и храброст да се прифатат своите постапки, како и да го испочитува сечие мислење и став.

Ние не ветуваме конгресменски медал, ние ветуваме дека ќе ви помогнеме да прераснете во личност достојна за оваа Функција.

Ние не сме само партија, ние сме повеќе зраци сплотени во едно сонце, ние сме семејство!

Секој е должен да помогне секогаш кога тоа ќе се побара од него, но дури и да не се бара кога ќе увиди дека може да придонесе нешто да го стори тоа на несебичен и милосрден начин.

Ова е местото каде што ќе се дружиме, ќе споделуваме искуства, ќе си помагаме еден на друг.. Овој канал ќе биде локацијата на нашите состаноци, дебати и дискусии. #MO-UP ..

Лесно е да ветиш, тешко е да го исполниш ветеното. Можеби неможеме да ветиме дека ќе постигнеме се, но со сигурност можеме да ви ветиме дека ќе дадеме се од себе, ќе го вложиме максиумот за да ги оствариме нашите и вашите цели.

Ова е линкот од нашата партија. >>> Кликни овде
Секој е добредојден! На секому му пружиме шанса да биде дел од нас, за нас нема значење вашата боја на кожа, вашиот пол или пак вашата вероисповед.

Крени ја високо твојата рака, избори се за своите права, нека биде чуен твојот глас .. Биди дел од нас! Ние сме повеќе зраци сплотени во едно сонце!



Претседател на МО-УП || President of MO-UP
BucephalusIII

o>