mala sala od rl !!! :D

Day 2,326, 16:10 Published in Indonesia North Macedonia by davoritos

ШОКАНТНО: Врие кај Анска река - илјадници луѓе во потрага по богатството.

Откако прецедателот вчера соопшти дека на Анска река има злато, а и тој наоѓал како дете, денеска илјадници граѓани го преплавија овој регион близу Валандово и видоа како реката блеска.


http://maktel.mk/images/Sliki/Vesti2/gold_digging_02.jpg[/img]


Полицијата веќе ги блокираше патиштата, со цел да доведе до ред при пронаоѓањето на злато крај Анска река.

- Јас најдов две кила квалитетно злато, парите што ќе ги добијам од златото ќе ги инвестирам во земјоделието и сточарството тука во овој регион. Планирам да донесам крави од Индија по екстра достапна цена, а ќе обработувам и земјиште, вели 27 годишниот мариовец Кочо Спанковски, кој вели дека животот му се сменил откако прецедателот го просветлил за златото крај анска река. Спанковски, кој има завршено за астрофизичар, планирал да ја напушти земјава деновиве и да работи на брод на Карибите, но работите сега му се променија.

Националната Мртва телевизија јавува дека на граница чекаат и повеќе илјади грци, бугари и европејци кои живеат во сиромаштија во Унијата во пропаѓање.

На репортерот неколку бугари му рекле од ЕУ не бидува ништо, па затоа среќата ќе си ја побараат во најреформаторската земја, каде живеат синовите на големиот Александар Македонски.

Истовремено мртвата телевизија јавува дека амбасадите на Македонија се преплавени со барања за азил, за мк пасоши, еден млад неименуван анонимен амбасадор на земјава во странство за телевизијата рекол дека дури доаѓаат црнци и велат дека имаат потекло од Македоноидите, еден од трите народи кои ги создал Господ на земјава.

Првиот човек до владата пак изјавил дека азил и пасоши ќе се делат на лотарија, која ќе биде емитувана на светскиот канал на Мртвата телевизија кој наскоро ќе може да го следи целиот свет, а ќе може да се следи и пошироко.

Текстот е измислен и е преземен од порталот СКАЈ!