fuzzy0wuzzy - Кандидат за конгресмен во Крит

Day 1,341, 12:11 Published in North Macedonia North Macedonia by fuzzy0wuzzy
Добар ден Македонци, о7



Во оваа статија ви ја презентирам мојата кандидатура за конгресменско место во Крит.Почнуваме:

Најпрвен да кажам нешто за мене.Во играва сум 4 месеца и ми оди многу добро и имам постигнато многу за време на овие 4 месеца.Најпрвен освоен ММ медал во рок од 1 недела од кога го направив весникот,станав министер за информирање со МнМ,станав КОНГРЕСМЕН и други работи...Во рл се викам Мартин,од Неготино сум и имам 18 години,тоа е се за мене сега да продолжиме со кандидатурата.

Околу мојот мандат: ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВАМ КОН УСЛОВИТЕ, ОДНОСНО ОБВРСКИТЕ ШТО ГИ ЗАДАДЕ НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА:

1. Никако нема да предлагам закони на своја рака, и секогаш пред да гласам прво ќе учествувам во дебатите за некој закон, ќе го следам договореното и ќе го почитувам и ќе се водам според тоа што ќе биде одлучено на координациите на МНФ !
2. Нема да одобрам државјанство без претходна консултација и секогаш ќе правам се за да дознаам и бидам сигурен дека тој што би го добил еМакедонскиот пасош нема да и наштети на еМакедонија, туку напротив, само ќе и помогне !
3. Веќе кажав ,но повторно ќе повторам дека ќе се координирам со другите членови на МНФ и со координаторот на нашата партија !
4. Ќе бидам активен од 8 до 10 часа дневно, ќе присуствувам на сите состаноци и на официјалниот канал на конгресот !

Околу мојата поранешна работа како конгресмен ја работев на максимално ниво,бев еден од поактивните конгресмени,присуствував на сите состаноци,се консултирав со моите колеги околу државјанствата и законите и др.Околу мојата посветеност можете да ги прашате моите колеги од кои секако ќе добиете позитивен одговор.

Толку од мене,се гледаме на изборите.

фуззи0вуззи-Крит



Искрено ваш,
fuzzy0wuzzy