A1 ВЕСТИ

Day 2,425, 11:27 Published in North Macedonia Mexico by darko888


СКАНДАЛ:СРПСКИ ГРКОМАН ВО МАКЕДОНСКИОТ КОНГРЕС
Македонскиот конгрес го сочинуваат конгресмени од ТМОРО, ОеМ, МО-УП,МНМ, и РПМ. Но, двајца конгресмени од партијата МО-УП го привлекоа вниманието на граѓаните измината недела - конгресмените Loving GREECE и SACIRMAKAKIS100.



Од извори за А1 велат дека акаунтот Loving Greece припаѓал на Silent 0ne, но тој го продал на српски државјанин. По продавањето, името на акунтот е променето во Loving GREECE. А1 не успеа да дознае колку чини оваа зделка, а од партијата МО-УП ја потврдуваат оваа информација но не знаат колку чини продажбата на акаунтот. Пред 7 дена конгресменот Loving GREECE предложи закон за донација на 10МКД до грчкиот трезор GreekEksoda, но очекувано оваа донација е одбиена 16 ПРОТИВ и 5 ЗА.

Вториот конгресмен кој привлече внимание е конгресменот со грчко име SACIRMAKAKIS100 кој има направено штета за Грција. А1 дознава дека овој конгресмен по потекло е од Македонија и дека не се работи за предавство a името му е инспирација од грчкиот европски пратеник кој беше поврзан со скандалот во Брисел заедно со Миркa и новинарите од А1 ТВ: Билјана Секуловска и Борјан Јовановски. А1 го исконтактира и целосната изјава може да ја проследите во продолжение:

ХРИСТИЈАН=ХОРХЕ?!




Поминаа 6 дена од мандатот на претседателот Христијан а А1 и многу други граѓани не можат да исконтактираат со претседателот. А1 напиша 3 пораки до претседателот но до сега нема добиено порака од негова страна. А1 сакаше да добие информација за неговите планови и идеи во врска со еМакедонија со оглед на тоа што немаше предизборна програма, но сеуште очекува одговор. Граѓаните лути на неактивноста на претседателот а според тоа го споредуваат со Хорхе. Мандатот на Христијан поминува скандалозно а уште во почетокот помина со ИМПИЧ и отказ на министер. Дали Македонија и еМакедонија ја делат истата судбина во врска со претседателите?!
A1 успеа да стапи во контакт со премиерот на еМакедонија но тој изјави дека сите информации ги има претседателот и најбрзо што може ќе одговоре на пораките.

НЕУСПЕШНИ ВОСТАНИА

Упте една востание за ослобување на оригиналните територии се крена вчера но и ова со катастрофални резултати. И покрај тоа што Грција водеше војна со Италија и Чиле, успеа да го победе востаничкиот бунт со 82 спрема 12. Претседателот Христијан не излезе со официјална изјава за востанието.
СТАВОВИ НА ФАНТОМ МКД

(дел од статијата на Фантом)

Фантом МКД во неговата статија смета дека еМакедонија не може да си го дозволе луксузот да потпишува МПП со послаби држави како Швајцарија, и треба да се фокусира МПП со посилните држави од Аурора и Сириус. Исто така смета дека конгресот треба да ги прифаќа предлог законите за ISSUE MONEY бидејќи на Македонија во моментот и се потребни пари а не злато во трезорите. (Повеќе информации за неговите ставови за еМакедонија прочитајте во неговата статија.)
А1 LATEST NEWS

Индонезија покрена постапка за прогласување на еМакедонија како национален непријател, но постапката е одбиена со 10 гласови ПРОТИВ и 1 ЗА.