10 животни мудрости

Day 1,815, 09:53 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka

Животот не се учи, животот се живее. Никој не може да ви каже како да живеете, но може да ве поучи да не ги правите истите грешки. Но, од грешките се учи.

Во прилог се 10 животни мудрости:

1. Човекот кој има еден часовник секогаш знае колку е часот. Човекот кој има два часовници секогаш се двоуми.

2. Не гледај онаму кај што си паднал, гледај таму каде што си се лизнал.

3. Гледај на животот низ шофершајбна, а не преку ретровизор.

4. Луѓето можеби се сомневаат во она што го велите, но веруваат во она што ќе го направите.

5. Бидете љубезни со луѓето додека се искачувате нагоре, затоа што може да ви бидат потребни кога ќе паѓате надолу.

6. Никогаш не им објаснувајте на пријателите – нема потреба. А, непријателите и онака нема да ви веруваат.

7. Кога се обидувате да се одмаздите ископајте два гроба – еден за вас.

8. Храброста не е недостиг на страв, туку способност да делувате додека сте соочени со стравот.

9. Морате да растете сами за себе, без разлика колку се (биле) високи вашите родители.

10. Најдобар начин да ја предвидите иднината е сами да ја создадете.