08.08.2001-Масакрот кај Карпалак ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ

Day 2,818, 05:36 Published in North Macedonia North Macedonia by KRISTIJAN MAKEDON

На денешен ден пред точно 14 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје - Тетово армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени и масакрирани 10 прилепски припадници на резервниот состав на АРМ.

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје, топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската која што била сместена во Тетовско.

Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати било пукано од клисурата Карпалак, при што бил погоден еден камион од конвојот кој се запалил. Било запалено и едно цивилно возило, а било стрелано од автоматско оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците. Возачот на автобусот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

Во Карпалак од самиот почеток на воената криза имаше полициски пункт, а без знаење на Министерството за одбрана истиот беше повлечен на два дена пред да се случи „Карпалак“. Повлекувањето на полицискиот пункт беше извршена со нечија наредба, причината за повлекување и кој го наредил од МВР не се познати.

Македонија и Бранителите ќе ве паметат и споменуваат како храбри синови на оваа напатена Македонија. Нека вашата храброст одекне во срцата на идните поколенија.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!



За шоут
08.08.2001-Масакрот кај Карпалак ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ
http://www.erepublik.com/en/article/08-08-2001--2543457/1/20