Една држава, Една нација, Една Армија [VOIX]

Day 2,003, 03:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо.

После дооолго време да пишам една сериозна статија.

Долго време го чекав овој ден, кога ќе ги видам сите Македонци во една единствена армија. Пред 7-8 месеци со Ел Че многу форсиравме да се случи вакво нешто, имавме поддршка ама само на збор. На крајот на краиштата не е важно тоа, важно е што Македонската Армија веќе има 820 члена за 1 ден и нејзиниот број нагло расте.

Многу не веруваа дека е можно ова (можеби и играта која што ја организира Плато помогна кон вакво нешто), но сепак се случи ова! Ние Македонците сме обединети и пукаме сите заедно кон една цел! Иако сега е почеток на натпреварот, нашата армија е број 1 во светот. Сепак денот од утрото се познава.



Како што верував дека може да се направи една армија за која што ќе пукаат сите Македонци, така верувам дека оваа армија може да опстане, а и знам дека сегашнава влада може тоа да го организира.
Највероватно следно нешто што е потребно е да се направи еден единствен аватар за сите (или барем една рамка) по која ќе не препознае целиот еСвет!

Оваа армија може да направи 1-2 милијарди штета на ден. Можеме да бидеме доминантна сила во еСветот!

КОГА ЌЕ УДРИ ОВАА МАКЕДОНСКА АРМИЈА ДА СЕ ПОТРЕСЕ СВЕТОТ

КОГА ЌЕ УДРИ ОВАА АРМИЈА ДА РЕЧАТ: “ДОАЃААТ МАКЕДОНЦИТЕ“

КОГА ЌЕ ПУКАМЕ НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ ДА ВИКААТ: “СПАСЕНИ СМЕ ДОЈДОА“

КОГА ЌЕ УДРИМЕ НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ ДА БАРААТ ПОМОШ СЕКАДЕ!

КОГА ЌЕ УДРИМЕ ДА ЈА РЕШИМЕ БИТКАТА!


Македонија конечно е обединета! Дури и да биде само 7 дена ќе покажеме дека ние имаме последен збор во оваа игра!!!

Една Држава!

Една Нација!

Една Армија!