Мојата борба [VOIX]

Day 1,822, 13:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

МУЗИЧКА ПОДЛОГА

Овој пат нема да ве мотивирам да пукате против нашиот најголем непријател.
Нема да пробувам да го кренам моралот во оваа наша заедница! Сепак и против Грција нема потреба од мотивирање! Самото тоа знаме кое што го гледаме од спротива е мотивација! Самото тоа знаме ни прави морници по кожата и не присетува дека тој е некој, кој што ни ги оспорува сите наши права, некој кој што го негира нашето постоење! Некој кој што сака да не види уништени!

И во играва премногу навреди имаме од нивна страна! И во играва ни стои тоа Ф***М покрај нашето име. Најмалце што можеме да направиме е да пукаме во играва против нив.

Јас веќе не сум активен како што бев некогаш.

Веќе не ни тенкам.

Јас долго време сум само еден обичен двокликаш... веќе 1 месец и повеќе...

Обичен двокликаш кој што чека... Јас само ја чекав мојата борба



Ова е мојата борба!

Таа борба која што ја чекав некое време!

Тоа е мојата последна голема борба!

Би ве замолил сите да се борите со мене заедно! Со мене за Македонија!