[VoiceOfMacedonia]Нов дизајн за министерствата! + Аватари!

Day 1,927, 10:07 Published in North Macedonia North Macedonia by SikalokiN


Гледам веќе подолго време немаме банери за министерствава т.е. уште од почетокот де.. :Р А, и читам негативни коментари во врска со банерите.. посебно за банерите на весникот Армиски Збор. Па и навистина.. најважен весник на една едржава и да не е добро дизајниран! Јас како графички дизајнер решив да изработам нешто што верувам на никому не би му сметало.. 🙂 Погледнете ги моите изработки! Сите се во поголема верзија и се надевам дека ако не од утре веќе од задутре ќе се најдат во весниците на министерствата!

Инаку за дизајнот ипотребив така малку антички стил со модерен дизај 🙂.. Дел од изработките за Министерството за Одбрана беа испратени до министерот вчера и мислам дека му се допаднаа, а во меѓувреме изработив и уште нешто плус па вие одлучете 🙂 Ајде доста пишување/читање да преминеме на сликите 🙂

Ова се изработките за МзО! Доколку имате некои предлози слободно испратете ми во приватна порака! 🙂



Еве и за останатите министерства, а и за претседателот 🙂. Исто така употребено антички стил со модерен дизајн. Доколку имате некои предлози слободно испратете ми приватна порака! х2 🙂



Еве и нешто сосема поинакво! Изработив и аватари, доколку сакате можете да нарачате за 0.4 алтани 🙂. Се што треба да направите е да испратите слика која што сакате да стои внатре во рамката и тоа е се! 🙂 Еве како изгледаат!
И доколку ви се допаѓа еден од веќе изработениве(вкупно 5) пишете ми ПП со никот за на аватарот и ќе го добиете истиот за само 0.2 голд.



!!Доколку сакате дизајн за вашиот весник, аватар за вашиот профил испратете ми само приватна порака!!

Многу бакнежи и ЉУБОВ до сите 😘

SikalokiN