[VanCho] Среќни новогодишни и Божиќни празници Македонијо!

Day 1,870, 00:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добро утро Македонијо каде и да си \o/
Хеллоу цитизенс оф д’ њу ворлд 🙂

Еве ме и мене после 130 дена паузирање од активното новинарство во играва, ќе напишам една кратка статија да ви ја честитам новата 2013-та година како и предстоечките Божиќни празници и православната „Стара Нова Година“. Исто така би сакал да појаснам околу „мојата“ кандидатура за претседател на еМакедонија...



Нека Новата година ви донесе многу здравје, среќа, љубов и успех на секое поле од животот. Радувајте се на животот и уживајте во малите работи, сакајте се, сакајте ја Македонија и мислете позитивно, а Господ ќе се погрижи за сето останато. Да сте ми живи, здрави и долговечни. Да ни е вечна Македонија!



Следуваат малку помирни денови во исчекување на фамилијарните празници Божиќ и Василица. Нека мирот и спокојството завледеат во вашите срца и лошите мисли и грижи исчезнат барем за миг. Рожденството Христово е еден од најубавите празници, барем за мене. Ви посакувам на сите да си поминете убави празнични денови, да се одморите и да ги наполните батериите за годината која предстои! МИР БОЖЈИ, ХРИСТОС СЕ РОДИ!





За крај, би сакал на кратко да објаснам околу мојата (не)кандидатура за претседател. Тоа се случи изненадно, барем за мене. Понесен од „арапската есен“ во Македонија и секојдневните повици за револуција на ТВ, јас решив да се кандидирам за претседател на Револуционерната партија на Македонија. Се почуствував за момент ко Че Гевара (оној оригиналот, не наш Ел Че 😃) и решив на 15-ти Јануари да ја земам судбината во свои раце...

Арно ама злите сили на оваа ненародна власт решија по брза постапка да се решат од мене. Направија широка коалиција и ме кандидираа за претседател на државата, без да се консултираат со мене. Да беа искрени и да ми понудеа вистинска поддршка можеби и ќе прифатев, искрено ме јадеше јанѕа едно време, дури и почуствував желба да станам еТатко на нацијата, ама за моја и ваша среќа таа желба кратко траеше. Не сакам неподготвен и без добро екипиран тим да и наштетам на еМакедонија...

Затоа ова утро, 3-ти Јануари 2013-то лето Господово, при полна свест и разум, решив да се повлечам од Револуционерната партија, а со тоа и од претседателските избори и да се посветам на сармата и гравчето за Божиќ 🙂

Фала ви на сите оние кои ми дадовте поддршка овие неколку денови о7

Толку од мене, од Господ повеќе 🙂
ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНЦИ!

Искрено ваш,
Иван ВанЧо Македонски

пс: Сите ве сакам 😘