Последно претседателско обраќање [UNISTUVAC MKD]

Day 2,169, 15:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Добар ден почитувани Македонци и Македонки !


Прво денеска што сакам е да му честитам на следниот Претседател на еМакедонија и да му кажам да си кулира и да не се замара со одредени типови кои се со намера да тролаат без грам вистина во нивните изјави.

Доста јадев трици, сега е ред и јас да си ја олеснам душата и да си кажам што маки имав овој месец. Се шалам не сум на психијатар.

Сите знаете дека овој месец помина мирно и досадно, јас како ваш претседател се обидов колку толку да се ослободиме но колку тоа помина неуспешно знаете сите. Така ќе биде и наредните неколку месеци, нека не ве лажат дека некој ќе ве ослободи. Повторно ќе кажам дека сите гледаме дека COT е мртов. Бојкотот и неажурноста на членките, особено основачите, доведуваат до тоа да деновиве има превирања на дипломатски план. Веќе гледаме како Хрватите се обидуваат да ги направат првите чекори со законот за МПП со Полска кој беше пуштен и ја имаше погодено целта. Сега што ќе биде понатака ќе видиме. Имаше некои обиди да не смират наводно со топлите браќа и да потпишеме МПП, али како и по обичај тоа помина без успех како и што очекував. Мое мислење е дека сојузот ќе се распадне во брзо време и дека треба тек сега да работи дипломатијата и да не остануваме само неми играчи. Но освен дипломатијата треба и самите да поработиме на случајот, бидејќи и во мандатот на Феликс а и во мојот сем одредени луѓе другите не се ни мачат да пукаат (сем кога треба да се трола, тогаш први се).
РАЗБЕРЕТЕ ДЕКА ДРУГИ НЕМА ДА ВЕ ОСЛОБОДАТ АКО САМИТЕ НЕ СЕ ОБЕДИНИТЕ. Знам дека Македонија нема ресурси, а на сите ви треба каква таква економија, но ве замолувам, ВРАТЕТЕ СЕ ДОМА со вас сме посилни и ПУКАЈТЕ за мајка МАКЕДОНИЈА. Така ќе докажеме дека уште вредиме, НО додека сме вака раселени и несложни сите ќе не газат и потценуваат. Кога можеше Швајцарија која ја нарекуваа ГРСТ ЛУЃЕ да се ослободи и да изврши аирстрајк можеме и ние, НО САМО СЛОЖНО. Сетете се зашто се приклучивте на играва, ако останеме РАШТРКАНИ по белиот свет и најјаките дипломати не ќе можат да не стават во било кој сојуз.

Затоа уште еднаш ќе кажам, сложни браќа куќа градат, ВЕ ЗАМОЛУВАМ прекинете со сите инаетења и кавги меѓу себе, сепак се ова пиксели, оставете ги недоразбирањата од предходно и понатака да продолжиме само сложно. Веќе нема платенички единици, дури и обичните единици не се тоа што беа, НО МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА и таа ќе остане вечна !


Искрено Ваш еПретседател UNISTUVAC MKD