Враќање од одмор и најава за диктатура [TOJ&TAA]

Day 1,698, 05:30 Published in North Macedonia Thailand by Lily Snape

Поздрав Македонијо!

Се враќаме одморени, освежени и порелаксирани од прекрасниот одмор што го поминавме во нашата нова вила во близина на Лондон. Решивме да поминеме краток период надвор од Македонија, далеку од секојдневните расправии, препирања и поделбите помеѓу еМакедонскиот народ.

Се одлучивме за Велика Британија поради нашата голема желба да станеме крал и кралица. Ни требаше малку време, но сепак успеавме во тоа и го презедовме целото Обединето Кралство. Како нови диктатори, мислам Крал и Кралица, ние воведовме нови реформи. Една од поголемите беше зголемувањето на даноците за да можеме да ги наполниме своите џебови, како и смалувањето на рефундот за армијата. Сепак не останавме со длабок џеб затоа што вилата која ја купивме не беше ни малку евтина.

Реформите кои ги воведовме вродија со плод и дадоа позитивни резултати. Секој жител на Обединетото Кралство беше пресреќен иако остана без скршен денар, но затоа пак државното богатство е огромно и може да се искористи за доброто на целата земја а пред се за формирање на ДРЖАВНА АРМИЈА.

Армијата на ОК за време на нашата диктатура беше нешто неверојатно. Можеби губевме во сите битки но затоа организацијата на целата армија беше предводена од ботот УДАР и беше неверојатна. Ботот го плаќавме по 10 голд на ден бидејки имавме пари од високите даноци и скратениот рефунд на армијата.

Имаше слога, бевме обединети и најважно се забавувавме!
ИАКО губевме по 90% во сите битки и сиромаштија владеше насекаде , останавме ОБЕДИНЕТИ , Сплотени во ЕДНО .. We we’re UNITED!

Само што се вративме во Македонија , ја започнавме нашата кралска диктатура и го презедовме раководството на Витези и Волци. Како што можете да видите и самите, МагиМастер е КОМАНДАНТ, ЈАС сум десната рака како ВТОРА КОМАНДАНТКА, а ја имаме и помошта од Венди Пауер како наша лева рака. Исто така, нашата партја HOPE ќе ја доведеме до самиот врв во ТОП 5 Партиите во Македонија. Ќе ја искористиме за остварување на нашата цел да влеземе во изборите и да ја преземеме владата на Република Македонија, и да бркнеме во медот од НБРМ.

ВАЖНО: - За да имаме поуспешна спроведена диктатура за ГЛАВЕН СОВЕТНИК го земаме најпознатиот диктатор Ел Че Г. - Да не го заборавам и мојот BodyGuard, legija , кој е 24/7 покрај мене така да мислете му ја пред да се обидете да сторите нешто :>

Останете во исчекување на исполнување на нашите планови и цели , верувајте дека НИЕ ЈА ИМАМЕ СИЛАТА и ќе успееме! Можеби без денар во џеб, ама што е најважно ЌЕ ГО ОБЕДИНИМЕ ОДАМНА ПОДЕЛЕНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

И уште еднаш да ги споделиме импресиите од поминатиот одмор, ви ја прикажуваме нашата преубава вила.



НАПОМЕНА : Фала што се грижевте за нас, патувавме со аФтобус и благодарение на климата не го почувствуваме топлотниот бран.
Знаеме дека ви недостигавме , вие на нас не баш , ама понекогаш знаевме кога ќе седиме покрај базент да ве спомнеме во муабетот.

PS. Следен месец одеме на IBIZA!

ПОЗДРАВ ОД ИДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ДИКТАТОРИ \o/

Shout : Враќање од одмор и најава за диктатура [TOJ&TAA] http://tinyurl.com/6ojzukc