Те барам...- Tasha.MKD

Day 2,629, 16:03 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria

И додека сите си бркаат БХ, јас да си напишам нешто 😉

http://www.youtube.com/watch?v=kLAIurL5Sfk

Те барам...

Утрото се разбудив со мокра перница, а солзите беше се засушиле на образите. Уште од мигот кога ги отворив очите ме пречека болката во градите, натежнала како планина. И лежев таkа во неподвижна состојба, гледав накај таванот додека во мислите ми прелетуваа разни сеќавања, во дланките сеуште стоеше мобилниот и го очекував неговиот повик. Се прашував зошто?

Знаеш ли како е да се чуствуваш празен додека во тебе вријат илјада емоции кој не успеваш да ги контролираш, ти се замотуваат околу градите како јазли, те дават...
Знаеш ли како да се чуствуваш сам и додеkа светот е опкружен околу тебе ?
Стоиш во место, бараш излез... бараш спас... бараш лик кој ќе те одведе далеку каде таа самотија ќе престане. Тониш во толпата, се завиваш во очај... Талкаш помеѓу илјадници лица, сите ти изгледаат толку непознато... толку чудно... Се губиш помеѓу нив барајќи го тој лик...

Халуционираш, го гледаш насекаде... и потоа сваќаш дека го нема...
За миг посакуваш да избегаш од сите, дури и од себе си... да ја откорнеш душата, да го распараш срцето, да ги снема сите тие чуства... да те снема и тебе... И повторно бараш...

Бараш место под небото во кое припаѓаш... Но ни едно место не ти припаѓа тебе. Ни едно делче од земјата не ти дава топлина и љубов како тоа каде што си бил со некој кој го сакаш...



И тогаш сваќаш...
Земјата е студена, небото е мрачно, воздухот нема мирис, цвеќињата немаат боја кога си сам.
Се е пусто и празно, без никаква смисла кога си сам.
И тогаш се ти станува познато...
Онаа болка кога не си повреден ,а душата те боли.
Кога немаш рана, а чуствуваш дека крвариш.
Кога очите ти се суви, а срцето ти плаче.
Кога вдишуваш длабоко, а ти снемува воздух.
Кога врискаш на сиот глас, а не испусташ крик...
Се ти станува јасно...
Тоа е таа болката кога се’ во тебе се крши, а не слушаш звук, чуствуваш...
Тое е таа смрт која те убива бавно, ден по ден, минута по минута, но никогаш до крај.
Се вика љубов, тоа е кога љубиш некого, но љубиш сам
И ке ми речат, сама го избра него , а имаше и многу други. Не, не!
Јас него не го избрав, срцето го избра, а него можеш ли да му наредиш?
Можеш ли на заљубениот да му судиш?
Тој нема очи да види, тој нема уши да чуе, нема глас да каже, за него пресудува само тоа... СРЦЕТО!



Ве сака Таша.МКД 😘