Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy

[Stef40] 2nd eBirthday / Втор еРоденден

Day 1,876, 03:57 by Stef40

For the foreign subscribers and eUS readers this article is about my second eBirthday in eRepublik. I will write about my experiences during these 2 years here etc.

Thank you


Здраво еМакедонијо каде и да си.

2 години.. Не ми се верува дека го играм срањево цели две години. Се почна кога другар ми , дојде на гости кај мене, и почна да ми збори за играва. Си реков дај да видам што игричка е, затоа што и немав многу што да правам во тоа време. И се еРоди Стеф40. Имав и профил направено веднаш штом го видов прилогот на Бате Ване на Сител, ама тогаш играта не ме заинтересира премногу. Се еРодив во време кога бевме во војна со Бугарите, се сеќавам Софија и Видин им ја имавме земено во тој период. Тогаш играта беше многу поинаква, платите беа по скил нивоа, ке се сетат повеќето од вас.

Првата единица во мојот еЖивот ми беше Браво Тим од Србија. Се сеќавав како им земав тенкови од рефундот само за да мавам за Македонија. Долго време поминав таму, не се ни сеќавам ама имаше 2-3 месеци сигурно, односно додека не собрав 1000 сила. Потоа се вратив во еМК, но бидејки немаше тука многу избор на единици, барем на мене ништо не ми се допадна, се вратив пак во Браво Тим, овој пат со српско државјанство. Седев таму пак околку 1-2 месеци и потоа се вратив во еМакедонија овој пат за подолго време.

Сега веќе доаѓаат, можам слободно да кажам најубавите и најсмешните моменти во мојот еЖивот. Втората единица во која што сум членувал на долго време е единицата што ке ми остане во срцето засекогаш Растур Систем . Бев повикан таму од човекот на кој што му должам многу во играва Аврамоски Славе . Ми помогна кога ми беше тешко, незнам колку лебови и тенкови ми даде, ретко се наоѓаат такви луѓе на светов. Дојдов во РСИ како најмладо момче таму, и иако ме зафркаваа постојано, сепак секогаш ке ми бидат при срце. Се сеќавам сум седел цели летни вечери, не излегував и во градот, само за да се зафркаваме заедно.

По долго време поминато таму, се придружив на МТО момците, по една регрутација на бибер. Таму иако имаше посилни момци, имаше помалку зафрканции на чет.

И сега еве ме каде што сум, 2 години подоцна, 18.000 сила, ранк Бог На Војната. Дефинитивно може и подобро, но што е тука е.

Вака сум напредувал, барем од кога ги забележувам деновите

Day 1705 - rank World Class Force
Day 1713 - 8000 strength
Day 1729 - 100 medals
Day 1731 - rank World Class Force*
Day 1732 - 9000 strength
Day 1748 - 10000 strength
Day 1750 - Level 37 ( Division 4 )
Day 1751 - rank World Class Force**
Day 1758 - q7 one hit : 10.041
Day 1766 - 11000 strength
Day 1783 - 12000 strength
Day 1798 - rank Legendary Force
Day 1814 - 14000 strength
Day 1815 - rank Legendary Force*
Day 1830 - 15000 strength
Day 1833 - rank Legendary Force**
Day 1845 - 16000 strength
Day 1854 - rank Legendary Force***
Day 1861 - 17000 strength
Day 1874 - rank GOD OF WAR
Day 1875 - First BH in Division 4
Day 1876 - 18000 strength

Некои моменти што нема да ги заборавам во играва во овие 2 години:

АПСОЛУТНО НА ПРВО МЕСТО:
- Ах тој Феликс Баумгартнер. 2 пати му го одложија скокот, па решив да ги прашам админите дали знаат кога ке скокне. На крајот излезе нешто што не очекував, пола еСвет се смееше. Едно 100-200 понуди за пријателство добив во тој период.

1 дел на тролањето - http://prntscr.com/hfg3m
2 дел на тролањето - http://prntscr.com/hfg6e


-Првиот БХ. Еден милион шаути поминаа, дури и Аексил Конг Прцачот шаутна дека бркам БХ да не ми го зимаат :D 660к
-Првиот конгрес медал во еБританија
-Големата кражба на Иван Петко :D
-лавчан коа си даде резајн од партија на 1 саат пред крајот на претседателските избори, а ги имаше добиено против КепенциМКД и АрМакедонецов стана ЦП :)
-Имавме на РСИ еднаш еден играч, дојде и почна да се заканува дека ке ни ги запалел куќите со молотови коктели, и тогаш падна убаво смеење.
-Се кандидирав за конгрес во Пиедмонт, на денот на изборите заостанував зад Т-Рекс 3-4 гласови, но регионот беше изгубен од наша страна и ништо не бидна од конгресот. Ги цитирам некои од муабетите на чатот на РСИ:
'' KocoskiMKD: Piedmont otide. Kaj si Stef40 da go odbranis. ''
'' Avramoski: Stef40 kupuvaj gold i tenkaj, otide Piedmont oti. ''
-Потоа се кандидирав за конгрес во Атика, на 24ти ја изгубивме и неа. Го цитирам Славе:
'' Stef40 nemoj da si se kandidiral vo originalen region, ke ne izbrisat. ''
- Никако не смеам да го заборавам шаутот на онфодапи . :D
-Не заборавам како ги пцуевме и се нервиравме на поразите на ракометната и кошаркарската репрезентација на Европските Првенства, а потоа ги величевме. )


Воглавно супер време си поминав тука, не ги жалам овие 2 години поминати на играва, се надевам дека ке има уште интересни и смешни моменти.

Поздрав од еАмерика
Stef40


 

Comments

Stef40
Stef40 Day 1,876, 03:58

[Stef40] 2nd eBirthday / Втор еРоденден
http://www.erepublik.com/en/article/-stef40-2nd-ebirthday--2190047/1/20

New Faustian Man
New Faustian Man Day 1,876, 04:00

Happy e-birthday man! : )

KocoskiMKD
KocoskiMKD Day 1,876, 04:05

Stef40 Sreken eRodenden i se najdobro o/

aljupce
aljupce Day 1,876, 04:12

Среќен e-роденден легендо

Davorsk8
Davorsk8 Day 1,876, 04:27

Среќен нека ти е о/

bbumbleBee
bbumbleBee Day 1,876, 04:36

Стеф40 педер ...

ivan.sk
ivan.sk Day 1,876, 04:39

nema ivan.sk nema vote : D
a i arsenal tapa se xD

DejO.o
DejO.o Day 1,876, 05:06

Happy e-birthday

Stef40
Stef40 Day 1,876, 05:54

Шо ке го има иван.ск, шо фактор си ти во мојот еЖивот ? xP

Macedonian Power
Macedonian Power Day 1,876, 07:41

super statija, sreken rodenden

da ne ja procitav statijata nemase da proveram deka za 4dena i na mene mi bilo rodenden xD

Thorin II Oakenshield
Thorin II Oakenshield Day 1,876, 08:13

happy bday!

Valiantina1984
Valiantina1984 Day 1,876, 10:37

v+s

warriorMKD
warriorMKD Day 1,876, 10:56

најголем трол што сум го сретнал у играва...
среќен еРоденден ) o/

Soggy Bottoms
Soggy Bottoms Day 1,876, 11:28

Среќен нека ти е

K1tho
K1tho Day 1,876, 11:48

happy e-birthday bro
keep strong

Darren OKitty
Darren OKitty Day 1,876, 12:22

HAIL FYROM

Stef40
Stef40 Day 1,917, 10:55

hail report

Viarizi
Viarizi Day 1,876, 12:56

VS|SHOUT BRO

Ronald Gipper Reagan
Ronald Gipper Reagan Day 1,876, 14:54

Happy eB-Day

Candor
Candor Day 1,876, 17:03

Good read, I wish more people would write about their histories in game.

GTranslate isn't great, but I got the idea.

Stick around two more years!

V

Mister Y
Mister Y Day 1,877, 07:44

Happy e-birthday.

sony toprano
sony toprano Day 1,877, 19:25

Happy e-birthday!

Vlada 505
Vlada 505 Day 1,878, 01:00

Weapon Raw Materials @ 0,045 cc

http://skr.rs/WRMoffer

*With direct link to the offer

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.