Последно претседателско обраќање [Phantom MKD]

Day 2,293, 06:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци!

Дојде крајот на Месецот време е да се напише една финална статија која што ќе го стави темелот на мојот претседателски мандат.

Сите видовме колку и треба на еМакедонија за да биде активна и повторно силна!

Во мојот претседателски мандат пред се имаше тешка работа затоа што уште од самиот почеток мораше да се организира АС и да се лета некаде!
Грците го принудија тоа со тоа што дигнаа востаниа за да ни го ресетираат бонусот!

Бидна све што бидна, ете одлетавме и успеавме да слетаме во скандинавија и да држиме контрола од 10 дена!
Нашите сили после тоа паднаа па повторно се вративме назад!

Како што гледате деновиве откако не добивме конгрес, решив да идам на варијанта да направиме повеќе пријатели и повеќе сојузници кои што ќе маваат за нас тогаш кога нас ќе ни треба. (секако и ние за нив)

Варијантата беше одлична но имавме еден мал проблем, мораше да се направат неколку добри МПП`а т.е и со појаки земји!
Почнав преговори во врска со тие мпп`а
Вклучени беа земји како Турција, Шпанија и Полска.

Со Турците преговаравме и рекоја дека сакаат МПП со Македонија но чекаат да се официјализира Аурора (во понеделник).
Додека траеа преговорите исто така ние им рековме дека доколку потпишиме МПП Турција да не мават повеќе против Бугарија или да склучиме некој договор!
Се согласија!

Со Шпанците разговаравме рекоја дека исто така сакаат МПП , дека немаат проблем со Македонија но остануваше една критична точка, а таа е Полска.

Решив да преговарам и со Полска и да видам тие што мислат. Вчера разговарав на оваа тема со Пропхет и ми рече дека ќе го прашал конгресот и неговата влада за потпишување на МПП со Македонија!
Што добивавме ние со МПП`то од Полска!
1. Прво автоматски добивавме силни земји од Алијансата Сириус!
2.Можно враќање на карта следниот Месец!
3. Зепечатување на Грците со Србија!
Како и ред други поволности!

Вчера имаше наредба од нашиот Сојуз Аурора да се пука за Полска, Чиле и Латвиа!
Наредбите беа поставени во МоД весникот!
Сириус побара помош од Аурора и поради тоа што сојузот Аурора немаше некоја тешка битка тие се одлучија да помогнат!

Јас ја сметав оваа ситуација како чекор кон постигнување на Посакуваната цел т.е зближување на Полска и Македонија и со тоа повторно издигање на Македонија!

Но ова вчера пропадна бидејќи нашиот менталитет тоа не го дозволува т.е Чекаме Полска НАС да ни побара помош!
Сметам дека тоа нема да се случи се додека Македонија не добие нов ББ !
И со ББ ќе не сметаат повторно за јака сила која што ќе биде приоритет за МПП на сите земји!

Едноставно можам да речам откако заврши шансата за конгрес вие го изгубивте Тој Позитивен Аспект на гледање на работите.


Едно ќе речам Грците Сите страни ги смениа и се уште ќе менуваат!
А ние ќе сме НИКОЈ за тоа што мислиме дека сите Нас не бараат, дека зависи некој од нас!


Исто можам да речам и за Словенците!
Не се јака сила но си ја слушаат нивната алијанса и затоа секогаш имаат територија и конгрес како и добра воена подршка од останатите членки!


Со ова јас го дообработувам својот Мандат како активен ЦП на еМакедонија!
Моите министри ги повлекувам затоа што сметам дека доколку така размислувате Македонија никогаш нема да оди напред и не вреди ние да се трудиме!
Ќе тапкаме во место и само ќе ги губиме сојузниците


А сега останете ми со Здравје и Благодарам на сите оние кои што ме следевте претходниот месец!

Фала
Фантомот!
о/