Обука за конгресмени ! [NlKoLa MaCeDoN]

Day 2,045, 13:29 Published in North Macedonia North Macedonia by NlKoLa MaCeDoN

Добра вечер еМакедонци и еМакедонки !

Денес по втор пат во мојов еЖивот бев избран за конгресмен, па би сакал во текот на овај мандат тоа да го искористам и да подучам млади играчи кои сакаат во иднина да бидат конгресмени.

Еве како ми е планот.

Секој што сака да биде подучуван во текот на овај месец, нека ме додаде за пријател и нека ми пише приватна порака.

Јас од сите тие ќе направам кружна порака и секој ден ќе им објаснувам, што сум направил, што сработил конгресот во текот на денот, зошто тој закон е пуштен, зошто е прифатен/неприфатен, што треба да се прави кога си конгресмен, сето тоа проследено со слики, со цел тие играчи да добијат некоја претстава како изгледа да си конгресмен, па подоцна кога ќе станат конгресмени уште од самиот старт да имаат некакво си искуство и да не прават намерни или ненамерни грешки, какви што сме ги имале многу досега.

Пред следните конгресменски избори, ќе ги одбереме најдобрите од сите тие кој ќе се покажат како најзаинтересирани и најстабилни и ќе ги ставиме во конгрес.

Идејата мислам дека е добра па не би било лошо и другите конгресмени да го практикуваат истото, а и не само конгресмените истото може да го практикуваат Министрите, претседателите итн.

Поздрав,
NlKoLa MaCeDoN