ОБЕДИНЕТА еМАКЕДОНИЈА или ОеМ ? [NlKoLa MaCeDoN]

Day 2,004, 08:19 Published in North Macedonia North Macedonia by NlKoLa MaCeDoN

Деновиве имаме една многу деликатна ситуација во нашата еДржава.

Накратко работите стојат вака, админите пуштија натпревар меѓу единици, кој трае една недела. Поголемиот дел од еМакедонците, се согласија да се ОБЕДИНЕМЕ во една единица - Македонска Армија, да бидеме едно, и сите заедно да покажеме пред еСветот дека во нас е силата!

И тоа и се деси, тече вториот ден од натпреварот нашата Македонска Армија од самиот старт е на првото место.

Горд сум на тоа што се случува, горд сум на сите кои решија да се ОБЕДИНАТ и да застнат рамо до рамо со сите еМакедонци. Горд сум на заедничката борба.

Јас овај натпревар не го гледам како голдот со кој ќе бидеме наградени. Во овај натпревар ја гледам желбата на македонецот да се биде горе, на врвот! Ако не во РЛ барем тука на една виртуелна игра! Желбата за успех!

Секоја чест до сите кои придонесоа за тоа!

Но, една работа се чудам. Каде се луѓето од партијата која го носи името ОеМ или Обединета еМакедонија?! Каде се сега да се обединат?


Колкава е иронијата, партијата да ти се вика Обединета еМакедонија, и кога еМакедонија стварно се обединува, вие да си седите на страна?

Не ве молам, не морате да дојдете во Македонската Армија. Седете си, уживајте си во АрМакедон. Никој со сила никого не тера. Не плачеме по вас.

Би ве замолил само едно: СМЕНЕТЕГО ИМЕТО НА ПАРТИЈАТА! СРАМОТА Е!

Поздрав,
NlKoLa MaCeDoN