Дружење (собиранка) – Радовиш – 19ти Ноември 2011 – 20:00 часот

Day 1,451, 19:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Trolldor

После малку двоумење за датум, се одлучив нашето дружење во Радовиш да биде на горе спомнатиот тајминг.
Досега имаше неколку дружења кои се одржаа на различни места во Македонија, некои од нив биле големи, некои мали, но како и да е, на сите тие дружења, присутните и САМО присутните знаат дека сме си поминувале ептен супер, или што би се рекло „ТОП“!
Мислам дека дојде денот тоа да се случи и во Радовиш.

Неколку збора за Радовиш:
Радовиш е град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката котлина. Магистралниот пат М6 Штип-Радовиш-Струмица претставува главна врска на градот. Седиште е на општина Радовиш во којашто припаѓаат уште 35 населени места. Радовиш е познат по Црквата „Св. Троица“, Крстот над Радовиш, планината Плачковица, рудникот Бучим, Електротехничкиот факултет и Радовишкиот сомун.


Дружењето ќе се одржи во ресторан Амбасадор, па малку и за него:
Ресторанот Амбасадор е бисер на угостителската дејност во Радовиш.
Доајен на угостителството со традиционални македонски специјалитети чии редовни гости се странските посетители љубители на нашата кујна.
Пријатната атмосфера и доброто расположение ќе го направи Вашиот престој незаборавен.
Ресторанот располага со капацитет од 150 места и убаво уредена летна тераса.


Ќе напишам само уште една работа за мојот град, а тоа е Црквата Св. Троица:
Камен-темелникот на Соборниот храм Св. Троица во Радовиш е поставен во 1997 година, а осветувањето се случи по шест години. Собира 600 верници и претставува една од најубавите цркви на Балканскиот Полуостров изградени во поново време.
Според архитектонската концепција, Соборниот храм Св. Троица припаѓа на типот еднокорабни цркви со развиен впишан крст во правоаголно пространство и сводна куполна партија проектирана во византиски стил. На пресекот на краците на крстот се развива голема купола на десетостран тамбур и четири помали куполи на просторите меѓу краците.
Самиот храм зафаќа површина од 550 м2, поставен на локација од 4000 м2, со партерно уреден простор околу црквата, камбанарија, паркиралиште, фонтана и чешма. Црквата е висока 21 м, а камбанаријата 23,5 м. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, силно потенциран со отворен трем со колонада од четири столбови, на кои се носат три паралелни свода.
Целокупната фасадна обвивка е класична ѕидарија по примерот на старата градителска традиција со видливо присуство на второстепена пластика во архитектурата. На покривот на објектот за прв пат во Македонија е применета постапката на патинација на бакарот со употреба на соодветен хемиски премачкувач. Подниот мозаик е оформен од разни видови мермер и травертин. Фрескоживописот е дело на украински, руски и македонски мајстори зографи.


Сега мислам дека го имам привлечено вашето внимание за да ја направиме дружбата побројна, па сите вие што сте заинтересирани, можете да го пополните формуларот: http://tinyurl.com/cnzjqux