Инервју со нашиот и вашиот Mr.Santinoo

Day 2,789, 08:51 Published in North Macedonia North Macedonia by KRISTIJAN MAKEDON
Здраво Македонци и Македонки ние како после сите претседателски избори правиме интервју со новиот претседател со кое одблиску ќе ја осознаете иднината на еМакедонија и ќе го дознаете самиот претседател во реалниот живот.

1.Какви ви се плановите во иднина со еМакедонија?
- Моите планови во иднина се како што пишав во мојата кандидатура,што е можно повеќе МПП-а,развивање на дипломатијата ми е главен приоритет,бидејќи без дипломатија гледаме во која ситуација е нашата држава во која веќе 3 години се наоѓа 🙂
2.Дали ќе влезиме во некој сојуз?
-Доколку би се формирал некој нов сојуз,треба да сме поканети од истиот тогаш би размислиле околу тоа каков сојуз е тој и колку е добар за нас,тоа е прашање кои зависи од понатамошните настани.
3.Што ќе правиме со Грција,каков е планот да се ослободиме?
-Планот со Грција,моментално имам неколку планови но не сум сигурен во нив колку ќе успеат,мое е да се трудам и да дадам се од себе,да бидеме јасни дека ниеден план не би ми успеал доколку не ги почитуваат моите наредби Македонците со кои заедно ја водиме оваа војна за слобода..сега за сега неможам да изнесам во јавност никаков план.
4.Долга ли е борбата дури да се дојди до претседателската функција?
-Борбата за претседателската функција не е долга за оние кои се трпеливи,за разлика од сите досегашни претседатели мојата борба беше поинаква,секогаш бев свој на своето,и си стоев на своите ставови..некогаш грешев некогаш бев во право..имав многу порази но со секој пораз се учи по неколку работи исто како и со победите..за мене борбата беше потешка за оваа функција 🙂
5.Дали почнавте со претседателската работа,што прво направивте?
-Со мојата работа почнав уште вечерта првиот ден кога ми беше предадено диктаторството,прво што направив е воспоставување на контакти со пријателските држави и разгледување на можност за нови МПП-а кои ќе ми користат за понатамошните недели од мандатот.
6.Сте сигурни во вашите замислени планови?
-Како што ви одговорив во едно претходно прашање,имам добри планови,дел од нив ми успеава,останаа уште неколку важни планови кои треба долгорочно да се развиваат чекор по чекор,за да бидам сигурен во нив треба претходно да сум сигурен во послушноста на еГраѓаните на Македонија,се зависи од нив колку почитуваат наредби и колку ќе се борат за Македонија сложно.
7.Големи ви се ли должностите како преседател?
-Секако дека се големи,изминативе денови верувале или не двоја по повеќе од 18 часа за играва со цел да остварам нешто корисно за сите нас,доколку јас не се замарам со Македонија колку и да се трудат другите нема да има никаква корист Македонија.
Кој е всушност Mr.Santinoo во реалниот живот..
-Mr.Santinoo е 23 годишен џаболебар,паразит и добар пријател за сите искрени пријатели 🙂
Секако уште еднаш ќе му се заблагодарам на претседателот за одвоеното време

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

За шоут
Инервју со нашиот и вашиот Mr.Santinoo
http://www.erepublik.com/en/article/-mr-santinoo-1-2537213/1/20