ИСКРЕНО! (Mr.Santino)

Day 2,265, 20:10 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo

Mузичка Подлога 😃

Поздрав мои пријатели и ''пријатели'' имам нешто да ви кажам пред да помине вистинското време...

Искрено пред нас престојат избори за претседател на на еДржава,притоа сакам да додадам дека има сериозни кандидати,но има некои од тие кои од разонода се кандидирале додека други и чисто да докажат дека се БИТНИ во играва...

Со ова темпо на препукување и вреѓање на еден кон друг тонеме и си правиме самите играва се по-тапа да ни биде...сите знаеме колку беше поинтересна играва пред година време...

Последниве 6-7 месеци сведоци сме на се едни исти мандати,гледаме иста слика,оставаме иста слика и што е најлошо тонеме...

Иако не сум којзнае кој но пред се си ги сакам луѓето кои ме почитуваат и ја ценат мојата почит кон нив,не делам никој за мене сите се луѓе и не се замарам со тоа кој ме сака а кој не...

Затоа на наредниве избори на кандидатите им посакувам пред се здравје и среќа,нека победи оној кој највеќе си ја сака државата,а на сите оние кои ќе гласаат би ги замолил еднаш бар да размислат кој би бил најдобар избор...ДА НЕ ПОВТОРУВАМЕ СЕ ЕДНО ИСТО!

И да пријатели мои...во играва сите сме битни,од најмал до најголем левел секој е битен исто како во реалниот живот!

Јас и да загубам на избориве нема да ми биде криво или слично,искрено и не се надевам на победа,бидејќи навикнати сме на се едни исти грешки да правиме(извинете ако не е така)секој човек греши,губи,добива,паѓа...станува,оди понатаму....умира!

Останете ми со здравје поздрав и се најубаво о7