[Martin_Tashkoski] 2 години еРепаблик!!!

Day 1,369, 11:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Помина долг период како немам напишано ниедна статија, но денов ме натера конечно да ја тргнам прашината од весникот и да напишам статија.

Поради РЛ обврски нема многу да должам следат само неколку реченици.

Инаку денес завршуваат 2 години како играм еРепаблик. Почнав да играм на 20 август 2009 по покана на Иван Ванчо Македонски (читај арамијата xD). Немам поима како стигна поканата кај мене на mail бидејќи тогаш не се ни знаевме лично а не знае ни он, но бидна и ме зарази со играва 😃 И јас бев дел од глутницата македонци кои лутаа низ светот како дел од воените единици. Во верзија 2 речиси и прекинав да играм но откако ја додадоа Македонија сум хиперактивен 😃

Најдраго од се ми е тоа што имав прилика да запознаам дел од луѓето со кои секојдневно дремеме на играва и на чет. Поздрав до сите нив а и до останатите што се надевам во иднина ќе ги запознаам.

п.с. поради тешка финансиска криза нема да ја реализирам замислата да поделам доста тенкови и лебови во знак на роденденов :/

п.п.с. примам поклони секако 😃

Останете ми создравје и создавајте пријатели не непријатели о/

Ваш Мартин Ташкоски

За шаут:
[Martin_Tashkoski] 2 години еРепаблик!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-martin-tashkoski-2--1846299/1/20