Кандидатура за медар т.е прецедател де [Makedonec21 а.к.а Турчинот]

Day 2,496, 07:40 Published in North Macedonia North Macedonia by makedonec21


Музичка подлога
Здравоживо браќа и сестри, другари и другарки,дпмнеовци и комунјари и патријоти и предавници. Како што е редот еве и ја ке дуздиса една статија чунки су се решил да ода за Прецедател на еМакедонија. Пред некое време ме удри патриотизмот и решив да се кандидра за Цреп демек ке ја опраам ситуацијава, државјанство сменив у партија се зачленив тим собрав се молев се колев со прецедатели на партии да ме подржат и останато. Патриотизмот шо ме чукна по гла одамна помина ама збор се дало а ние од Зајаз кај што сме искењале таму не јадеме пак ке достоја на зборот ке жртвува еден месец т.е 30 дни ако ме изберете (95% сум сигурен) и ке работам на подобрување на моменталната ситуација.

Е сеа да почнеме со главното. Ситуацијата е таква каква што е, сите ја знајме а углавно е СЈЕБАНА. Кога се решив за прецедник да ода имавме стабилен сојуз немаше големи најави за преструктуирање на сојузите кои последниве 2 дена се со поголем ек, во голем размер се водат разговори задкулисни преговарања договарања трампи и останати работи. Тоа ептен ми го сјебуват првобитниот план за наредниот месец али тоа е што е, све течет све се менуват па така и ние. Во најкритичниот месец во последната половина година ние останавме со стапот враце, Црепот што го избравте решил на Хари Потер да му ја земе наметката за невидливост и се појави 2 пати онлине во 2 недели. Од ко му стегнавме импич овој по него најверојатно помалце заинтересиран, повеќе пати е онлине ама џабе. Значи во старт сме во голем минус. Доколку ме изберете нема да ви обетам мед и млеко дека ке течат по улици, дека ке се издигнеме ко Феникс и 300 глупости затоа што ја не су ни Исус ни Алах а ни Буда.. Кој и да дојт за прецедател ситуацијата не може драстично да ја промени, да се разбереме, секој чекор што го имаме направено во изминатите 3 години не донесе на ова дереџе а тоа другарчиња преку ноќ не се мењава. Ние ја имаме изгубено ОСНОВАТА и починаме од нула. Немаме пари, немаме територии, имаме сојузници на хартија а многу малце реално. Првобитната и единствена моја цел и на мојот тим ке бидат оригиналните територии. Да не се лажеме без нив сме ко мува без крилја. Никаков АС никакви глупости затоа што во оваа ситуација АС може да ни обезбеди само конгрес кој во оваа ситуација ни е исто, а сме го имале а сме го немале, плус од моја гледна точка надворешните колонии не ставаат во подредена ситуација во сојузот и кај сојузниците, и ни ги намалуваат шансите за било каква воена и дипломатска помош од сојузот за враќање на оригиналните територии. Еве имате конгрес и региони што сакате повеќе?? Така беше досега. Спомнав оригинални региони до кои тешко се доаѓа. Тешко и скоро невозможно. За таа цел планирам да ги искористам сите дипломатски и воени средства кои ми ги дозволува функцијата прецедател. Доколку успеам да ја остварам оваа цел сметајте дека мандатот ми е 100% успешен. Паралелно со тоа собран е и голем МОФА тим кој активно ке работи на контакти со сојузниците бидеќи такво е времето и ништо не е сигурно како и со сојузот така и со сојузниците. Последна и најмалце според мене битна работа која ке се заврши за брзо време е прегрупирање на МА, единствената државна единица. Поради неодамнешните промени во функционирањето на единиците во кои сега капетаните ги бираат Командирите и Замениците командири и минималната бројка од 25 војници во регимента за да има капетан ке се намали бројот на регименти со војници. Така во секоја регимента ке има по максимум 30 души и ке биде поставен капетан.

Време е да го презентирам тимот кој ке стои зад мене доколку ми светне ЦП медалчето

Мофа тим: Нема да има еден главен батка а неколку помошници туку сите членови во Мофа тимот ке имаат исти одговорности и привилегии.

-Phantom MKD
-Severrus Snape
-akconel
-Felllix
Како мој советник се понуди Aliss Wonder како повеќегодишен дипломат со добри контакти. Нема потреба на долго и на широко да објаснувам поединечно за нив, најверојатно сите знаете за барем еден од нив кои во минатото на повеќе начини допринеле позитивно за еМакедонија
МоД тим: Не би требало да има голема работа месецов бидеќи немаме сила за некои озбилни воени акции но доколку има такво нешто на располагање стојат
-efiljo II

-Vojne

Министерство за Информирање: Во последниов период згаснато но ке се потрудиме да го реактивираме по потреба доколку има промени во системот на функционирање на ерепублик

-akconel

За крај кој стигнал да чита до овде ке ги замолам еМакедонците ДА НЕ ВОЗВРАЌААТ НА ПРОВОКАЦИИ од типот на фиром вие сте измислена нација и слични срања и да се сетат на една поговорка: Никогаш не се расправај со некој поглуп од тебе, ке те спушти на негово ниво и ке те победи на искуство.

За крајx2. Можете да приметите дека стилот на изразување е малце поинаков и не е за прецедателска кандидатура но бидете уверени дека ова што е пишано е пишано од срце без никави лажни ветувања и надежи. Ваше е да гласате наше е да работиме

ЗА ТАТКОВИНАТА СВЕ !!!