Лазе бате, че ми го земиш медалот? [lazarosaMKD]

Day 2,993, 20:22 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
недела, 31 јануари 2016
статија бр. 167


Ете, од денеска носам еден акаунт на душа.....па вака со "голема тежина на плеќите" со која ќе мора да се носам во иднина и со измешани чувства на "тага, каење и болка" да ги прочитаме последните зборови на еден акаунт кој засекогаш ќе го носам на душа...
Почивај во мир, драг акаунту, нека ти се лесни единиците и нулите на овие американски сервери на играта со седиште во Ирска и со Грчко-Француски газди и романска ефтина работна рака.
А додека на газдата на профилот му посакувам многу среќа во животот и помалку разочарувања! 🙂












Патем, да ги видиме најголемите виновници!
Без малку срам и доблест, му го украдовте медалот на човекот и освоивте Д4 рунда против Грција по подолго време.....