ДА УЖИВАМЕ ВО ПОБЕДАТА! [lazarosaMKD]

Day 2,387, 05:53 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
вторник, 3 јуни 2014
статија бр. 143


Знае некој кога ни беше последната победа против Грција во директна битка?!

Генерации нови играчи и не знаеја за ништо друго освен за порази од нашите јужни комшии, имањето КОНГРЕС беше ГОЛЕМА РАБОТА.
Нашите оригинални региони окупирани - најнормално нешто.
За овие повеќе од година дена инфериорност против грчките тенкови, научивме да се радуваме на малите работи, како оваа вчерашна победа.
Секоја освоена рунда во Д4 е рамна на нашите некогашни 8/10 ресурси. Кои ни тие не ни беа доволни зашто секогаш ќе има некои со 9/10, 10/10.
Нашата Д3 - секоја чест момци! 45 - 0 БРАВО! Уживајте додека можете хахахха читај: додека не дојдете во Д4 😃
Д1 и Д2, земаа многу поени исто, нови тенкови и нова надеж!

Не знам за вас, но мене овој период од играва ми е еден од омилените!
- Наместо да се расправаме која единица земала повеќе рефунд, имаме натпревар помеѓу единиците која ќе стави повеќе за "КО" СВОИ ПАРИ.
ТИЕ СЕ ПРАВИТЕ БРЕНДОВИ ДРАГИ МОИ.

- Самите си донираме леб за воздушен напад и пари за МПП, со најминимални даноци за колку што е можно кај Грција да остане "ручката од тупанот" 😛

- Празната НБРМ привлекува ентузијасти за ЦРЕПОВИ кои одвојуваат од своето време 1 месец за оваа виртуелна заедница.
Многу е просто, нема пари - нема расправии - мирна глава.

Да уживаме во победата!