Прво претседателско обраќање [KocoskiMKD]

Day 1,965, 13:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво мои најмили!

Најпрвин Едно големо Благодарам за сите што ми ја дадовте поддршката!
Таа убедлива победа е заслуга на вашата доверба што ми ја дадовте!
Пред се ми дадовте еден голем мотив и поттик кој секој претседател би го посакал да го има, ме воздигнавте од старт и ми докажавте дека позади мене имам луѓе кои знаат што сакаат!
Дека имам луѓе на кои можам да верувам!
Позади мене ја имам МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА, со еден збор ве имам вас и тоа ми е се што ми е потребно!

Само со вас заедно можам да ги остварам плановите кои ги имаме замислено со мојот тим!
Покрај мене го имам Дрим-Тимот со кој веќе започнавме со нашите успеси и сериозно се фативме за работа!

Околу плановите како што гледате храбро ги удревме Јужните,ги исековме во Синаи и си го вративме нашиот Солун!
Е сега планот е да се враќаат териториите од Египет како што ќе ги земаме дел по дел. Тоа го правиме од причина да не бидеме на 6 фронта, од кои 4 ќе бидат востанија.
НО нашата ГЛАВНА задача е да им помогнеме на Бугарите за да ги одстраниме јужниве долу, со цел да не бидеме загрозени онаму каде што колегата BucephalusIII не смести!
Така да што и да се случи горе со нас, јужните да немаат додирна точка со териториите што ги имаме долу!

Доколу ова се изреализира нема од што да се плашиме, од моја страна не се ни сомневам затоа што верувам дека ние сме спремни за таков подем!

Само што ми ја предадоја организацијава и извинете што малку доцнам.
Нашата драга Aliss немаше ни време да ми ја предаде поради обврски во РЖ, а камоли статија да пише, така да ќе и простиме поради нејзините заслуги што ги направи за нас минатиот месец и ќе очекуваме од неа завршна статија во наредните 2 дена.

Да сте ми живи и здрави!




Претседател на еМакедонија:
KocoskiMKD \o/