*** I'M BACK!!! ***

Day 1,466, 06:39 Published in North Macedonia North Macedonia by MKDSuperman10
Добар ден еМакедонци.




По пауза од речиси 2 месеци решив повторно да се вратам на Eрепублик. Сигурно повеќето не ме ни знаат ни памтат бидејќи не се истакнував премногу и не солев многу памет и играта ја играв чесно и поштено. Откако се вратив во виртуелниот свет поминаа околу петнаесетина дена, петнаесетина дена во кои можев да забележам многу работи за кои не би сакал да коментирам. Кога го напуштив еРепублик пред 2 месеци паметам дека еМКД ја имаше под окупација цела Грција и некои останати азиски региони, но се на се поседуваше сигурно околу 25 региони. Сега ситуацијата не е ниту приближна како тогаш.
За овие 15 дена играјќи можев да забележам и еден куп статии во кои еМакедончињата се напаѓаат едни против други само за лична корист а не во корист на државата. Актуелно е ловењето на БХ-медалот, па така слободно кажано сите ке се потепаме да го земеме.

Доколку некој се сеќава на MKDSuperman10, тогаш најверојатно се сеќава на моите уникатни, едукативни и иновативни статии ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА... Иако и баш немам слободно време решив повторно да продолжам со пишувањето на мојот весник Macedonian Victory, и секако да продолжам со ланецот ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА... Иако забележав статии со слично име и содржина, сепак во име на конкуренцијата ке се обидам да ве збогатам со нови, чудни и секако интересни работи за кои се надевам дека не сте знаеле 🙂.


Стартот на деветотто продолжение од ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА... го означувам за понеделник, а до тогаш бидете ми поздравени, војувајте против непријателите, и сакајте си ги ближните свои 😃, и секако заедно ке успееме да го освоиме целиот еСвет!



Поздрав,
Ваш MKDSuperman10