>>Дајте едно кафе за писарот<<

Day 1,751, 23:48 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

На ваши години многу игравме карти. Ќе се соберевме во некоја кочанска кафана и игравме карти до сабајле. Пред да си кренеме накај дома ќе почекаме комшиите да отидат на работа за да не не видат отечени во очите. Сега кога се враќате дома очите ви се отечени како на варени зајци оти сте „алергични“ на некои зелени растенија но во наше време картите беа причина за тоа.

Не игравме многу игри. Бвме специјализирани во двојки за Хант и Табланет. Понекогаш игравме и Покер. Секогаш кога игравме Хант или Табланет имавме Писар (дечкото што го забележува и пресметува резултатот) кој е надворешен член и не игра во тој момент со нас. Ако ние пиевме по три големи скопски за една партија него го частевме со кафе бидејки ни прави услуга и забележува како неутрален посматрач. Кафето му беше доволно бидејки писарот најчесто е некој што ги знае правилата за играта ама нема капацитет да одигра една партија. Не станува збор дали ке изгуби или ке добие (можеби со почетничка комарџиска среќа и ќе добие) но со сигурност ќе ја кочи играта и од забава на сите ќе ни ја претвори во нервоза и досада. Ако некогаш немавме четврт ќе го поканевме и писарот да игра со нас ама за време на играта по 100 пати ќе му речевме „Ајде бе побрзо“, „Ајде бе Смислов (по еден руски шахист)“

Денес еРепублик писарот се кандидираше за претседател на Македонија. Кај него на профилот прочитав дека бил министер за економија дури 7 пати а заменик министер за економија 3 пати. Дечкото бил на власт 10 месеци во Македонија. Иако барјакот за присуство во Македонската власт го носи Струмјанин со присуство во сите влади од владата на Драшшшш па до пред 1-2 месеци сепак десетте месеци на писарот во власта не се за потценување.

Некој од вас ќе праша зошто писар? Па се сеќавате ли на некоја политичка или економска активност во министерството за економија освен водење евиденција колку пари влегле во буџетот а колку излегле? Политиката за трошењето на парите ја креираат политичарите додека запишувањето кој политичар колку потрошил и на што е работа на писарот.

Јас се сеќавам дека еден ден писарот реши да се вклучи во политиката и да поработи за парите и златото од НБРМ па за помалку од една недела Плато ја блокираше НБРМ 🙂 Да, да на Македонија и се случи и таков резил што на друга држава во светот не сум слушнал дека и се случило, ни ја блокираа Народна Банка заради политичките амбиции на писарот 🙂 Но како и да е, од секое дрво сворче не бидува така и од авион се гледа дека од нашиот писар политичар не бидува.

Но јас му го честитм заслуженото трето место и му посакувам многу успех во понатамошната писарска кариера. Треба да испие уште многу кафиња за да влезе во игра.

П.С. Освен писарот што не го пуштавме со нас да игра поради тоа што ќе ни ја направи играта досадна постои уште еден карактер на кој не му дозволувавме да седне на нашата маса а тоа е Мајсторот. Е тоа е шампионот на шампионите. Тој ги памети сите 52 карти и секогаш знае кој какви карти држи во рацете. Мајсторот е секогаш еден чекор пред сите нас и секогаш успешно ги фаќа тие што се обидуваат да украдат и да се стекнат со победа на непоштен начин (како што јас го фатив Дедо Мраз). Затоа ако некогаш се запрашате зошто Шмекерот на двапати не ги доби изборите за претседател потсетете се на Мајсторот и дилемата ќе ви се реши 😉

П.С.С. Има уште еден момент кога писарот може да го пуштиме да игра со нас а тоа е кога неговиот постар брат или вујко кој најчесто е познат пијаница и кафанџиски турбофолкер ќе не замоли да го пуштиме писарот со нас барем во една игра. И благодарение на вујкото турбофолкер писарот понекогаш и ке седне со нас ама народот рекол „Со сила убавина не бидува“.

Наздравје кафенцето Адмирале и поздрав до вујче со турбофолк хитот Еј откад сам се родио - Синан Сакич 🙂




Во иднина нека внимаваат Дедо Мраз и Писарот каде ја ставаат раката


За тие родени од старамајка што сакаат да стават шаут

Дајте едно кафе за писарот
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-2115769/1/20