>>Феноменот Baby Squad и неговото влијание врз Македонија 1 дел [Smekerot]<<

Day 1,955, 17:17 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Се се случуваше во тој ноември 2011. Јас бев претседател на Конгресот а некои играчи направија бејби бум и дечкото со ник TomiDam излезе со статија како да им помогне на бебињата. Многу фино осмислена стратегија за помагање на бебињата и одма му честитав на дечкото за размислувањето и му понудив конкретни работи (сума на пари, временски рокови, помош ...) што може да се забележи и од мојот коментар на неговата статија. Бев воодушевен од неговата партиска непристрасност и хуманост.

По неколку часа размислување видов дека иако идејата му е супер сепак ќе треба да вложи многу труд, а ќе му требаат и многу помошници за истата идеја да ја спроведе во пракса. Јас обично не пишувам ингаме пораки на играчи и избегнувам комуникација еден на еден, но овде се работеше за идеја која беше од големо значење на Македонија и му пишав на дечкото предлог наместо да ги организира бебињата во „ешалони“ како што тој си замислил да создадеме една бебешка единица и наместо неговите „ешалони“ бебињата ќе бидат во дивизиите на единицата и нема да има потреба да ги тражеме секој ден по другите единици. Дечкото културно ме одби велејки дека сака да си ја релизира идејата така како шо ја замислил и веќе се собира ТИМ за таа цел.

Иако дечкото ме одби, му посакав среќа и му понудив помош но сепак мислев дека создавањето на бебешка единица е подобра идеја од неговата за Црвен Крст. Истата идеја му ја понудив на Ел Че (затоа што тој во тоа време спроведуваше многу хуманитарни акции и поделби) и тој одма ја прифати но ми кажа дека неможе сам сето тоа да го организира и ќе му треба помош. Тоа време во Тигри прв и најголем соработник ми беше TRTE T (до ден денес е така) и тој беше во тек со целата ситуација. Го замолив да му помогне на Ел Че за да ги постават здраво темелите на таа единица со ексел табели за поделби за да се знае секое лебче каде оди, бидејки има лоши деца во играта кои намерно поради разбирливи или неразбирливи причини водат антимакедонска политика. Трте одма се согласи и искуството со табелите кое ни беше пракса во Тигри го пренесе во бебешката единица. Поканети беа и други момци да се приклучат и да помогнат како Acko11, Heraklejski, MarioPHELPS и други.

Сето ова го објаснив на тогашните Конгресмени кои едногласно го одобрија. И дадовме име на единицата Baby Squad и таа почна да функционира. Нејзината цел беше да ги собере сите бебиња на едно место и искусни играчи да им помагаат со совети и донации за да може што поголем број од нив да останат во играта. Според сеќавањата што ме држат мислам дека Лазароса правеше анализа за поранешни бејби бумови кои Македонија ги имала дека само 10-20% од играчите се задржуваат во играва. Бејби Сквад успеа да задржи 40-50% од играчите кои тогаш се вклучија во играта. Од тие што тогаш останаа да играат, денес после година ипол незнам колкумина сеуште играат.

TomiDam малку негодуваше поради единицата и се бунеше дека неговата идеја за Црвен Крст пропаднала за што многу жалам, но сепак призна дека попрактична беше мојата идеја за собирање на бебињата во една единица и дека жали што не ја прифатил поканата да ја води единицата. Но што е тука е и таа единица успешно си функционира до ден денес со една и единствена идеја да и се помага на бебињата во Македонија. Гледам дека од тогаш дечкото нема напишано статија но мило ми е што сеуште ја игра играта. Сакам да му кажам дека ако тогаш не ја прочитав неговата статија можеби денес Бејби Сквад немаше да постои.

Парите со кои е основана бејби Сквад се пари од државјанствата кои во тоа време Конгресот ги наплаќаше на шверцерите кои Македонското злато го изнесуваа во Србија а во Македонија внесуваа денари кои ја хранеа инфлацијата во државата и економски ја уназадуваа Македонија. Во тоа време економскиот модул беше ефикасен и функционираше. Шверцерите правеа големи штети на Македонија и затоа плаќаа на Конгресот за економски државјанства. Тие давачки се објаснети во следните статии: статија1 и статија2


Во следните броеви ќе читате за интересни анализи за Феноменот Бејби Сквад и зошто во последно време во ТОП 5 статии имаме само статии за поделби, хуманитарци vs идеолози и многу други интересни работи ...




СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Ваш Шмекерот



За тие родени од старамајка што сакаат да стават шаут:


Феноменот Baby Squad и неговото влијание врз Македонија 1 дел [Smekerot]
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-baby-squad-1-smekerot-lt-lt--2236422/1/20