[Fricke] Моја перспектива на случувањата, односи со алијансата и пријателите !

Day 1,983, 03:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Viki MKD

Добар ден на сите пред се од Диктаторот кој сеуште ве нема напуштено ,

Моменталната ситуација на еМакедонија, нашиот сојуз, пријатели самиот Балкан како регион па и пошироко е премногу комплицирана за да може да се опише на едноставен начин. Работите и не стојат баш најдобро поточно не стојат воопшто добро.

Да почнеме од нас, последните неколку влади според мене се параван и комплетен неуспех, не забележуваат некоја поголема активност, односи со алијансата сметам дека немаме на доволно високо ниво, тоа и се гледа по фактот што сега Јужниве без поголема потешкотија повторно не бришат на оригиналните територии, а и по фактот што подолг временски период Романија буквално (што би рекол еден мој другар) " гола ни се шеташе по дома ", поддршката од алијансата ЦоТ е се помала (освен од Бугарија која сирота неможе глава да дигне). За сето ова време нашите влади (зборам за последните 2-3-4 месеца) некако се индиферентни, неорганизирани, несериозни, едноставно неприсутни. Според ова што го гледам а и читам глас во алијансата ЦоТ како да немаме. Во ред е со последната успешна влада според мене на BucephalusIII стигнавме на потегот на Иран и УАЕ и СА, уживаме овде во доволно ресурси според мене, мегутоа ситуацијата на Балканот каде што е неминовно еден ден да се вратиме не ни оди во полза, бегаме од проблеми кои во иднина според мене ке бидат се поголеми !

Ситуацијата на Балканот се комплицира, доколку ја погледнете мапата на Балканот и моменталната ситуација кој воопшто не е сјајна и не ни оди во полза. Односите помегу двата до вчера пријателски сојузи е разнишана и на работ да експолодира. Се започна од ненадејниот напад на Полска на Русија, и покрај пријателските односи на нашите два сојуза Полска се осмели да нападне ЦоТ членка со што според мене удри дирекно и намерно на темелот на пријателстовот и сојузништвото на нашите два сојуза, од ова профитираше само ЕДЕН. По ова следеа реакции од ЦоТ кој немајки друг излез пред одреден временски период го прифати и Брзил во својата алијанса, што уште тогаш резултираше со разнишани односи помегу двата сојуза, па одкако Полска не застана со окупацијата на Русија, ЦоТ продолжи со регрутитрањето на нови, силни и сериозни членки или во оваа ситуација САД. Можеби и овде беше грешката и потегот со кој Македонија повторно е оставена на цедило и на крајот според мене по незнам кој пат во овие 3 години ке бидеме колатерална штета. Со самото примање на САД во ЦОТ алијансата односите пред се со Србија се да не кажам уништени. Ова резултираше со МПП мегу Србија и Романија што доведе до бришење на Бугарија од мапата а и доминација на Романија на Балканот, која не избриша и нас на оригиналните територии, кои се мачевме да ги ослободиме подолг временски период.

Мегутоа ова за жал не е крајот, со влегувањето на САД во ЦОТ, во Србија се активира повторно ПроГејското движење, кое почна да трола на сите страни и да фрла бензин на и онака разжарените односи помегу ЦоТ и Србија и ЦоТ и Полска пред се, со што се шпекулира за нов распоред во сојузите кој ке биде погубен за нас и Балканот, а тоа е можната алијанса помегу нас Бугарија и Хрватска.

Но што со ова, што би ова решило, според мене НИШТО, ова би била најпогубната политика и сценарио на Балканот. Ова ке биде причина повеке за Србија да го оствари повекемесечниот сон на ПроГејското движење, односно потпишување на МПП помегу, Полска Србија Грција и Романија со што нашата надеж и просперитет на Балканот се загубени според мене за секогаш.

Со ова сценарио на едната страна остануваме ние, Бугарите и Хрватите, додека на другата страна би биле, Грција Турција Србија Романија Словенија па и Унгарија, мошеби овие земји нема да имаат МПП сите помегу себе, мегутоа сигурно би имале НАП договори.

Ова ја става Макеоднија во една исклучително тешка позиција и на работ на тотална повекемесечна окупација.

Мојот апел до сегашната и идните Влади е, да земат поголемо и активно учество во дипломатските односи на еМакеоднија со своите сојузници, пред се со ЦоТ алијансата каде што сметам дека треба да се размислува на едно пошироко видно поле и да се согледуваат работите како што треба, а не поведени од РЛ емоции и суети. А исто така да се стапи во контакт со Српските МОФА и ЦП, за комплетно расчистувањње на моменталната состојба мегу Србија и ЦОТ, а доколку тоа неможе, решавање на односите помегу Макеоднија и Србија, која според мене од самиот почеток и покрај големиот број пропусти ни е најголем сојузник кој по никој цена не смееме да го загубиме.

Апелирам до сите еМакедонци, во наредниот период да покажеме една смиреност и сталоженост, да не тролате и пагате на провокациите од Српските ПроГејци.


Останете ми горди и со главата секогаш Горе !

Макеоднија на Македонците !