Од мој агол [Felllix]

Day 2,715, 05:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Felllix




Поздрав до сите!

Деновиве се изначитавме еден куп статии и шаути во кои секој прави како што му одговара и како што мисли дека треба. Се вадат принтскринови од заеднички пораки, се трола, се навредува, се гласа па се прегласува уште седум пати, се пуштаат недоквакани закони, се тера ад хок дипломатија по наши и странски печат во врска со сојузништва со еден збор-анархија.

Се правиме само не тоа што ни е реално од интерес како задница, а веројатно и не ни знаеме што ни е во интерес. Или барем преокупирани со сопственото его општиот интерес ни е во втор план.
И не е тоа само овој мандат, така е повеќе од една година наназад. Летаме некаде а не знаеме зашто летаме, изговор ни е за да ја живнеме играва. Па така "живнати" ке не расплескаат, па автоматски интересот ни е "до смрт против гејците".
Епа така другари не се води држава! Не е државата само мојот или твојот мандат или ваков или онаков медал!
Се додека не расчистиме што ни е интересот ке лутаме и ке служиме за потсмев, а како што гледам сите ни се смеат.

Има многу работи кои што сакам да ги кажам и статијава ке ја поделам во неколку делови:

1. Мандатот на Persej Makedonski
2. Диктаторство
3. AS
4. Сојузништва





1. Мандатот на Persej Makedonski

Според тоа што јас го сметам за интерес на државата мандатот на Persej за мене е позитивен мандат. Позитивен е затоа што не летнавме, останавме да се бориме, изборивме конгрес и што е најважно добро ги потрошивме гејциве.
Имаше и грешки кои за среќа поминаа без големи последици. Единствена негативна страна е тоа што се испокаравме меѓусебно.


2. Диктаторство

Непотребен потег во овој момент. Сите аргументи кои се кажаа пред пуштањето на законот беа побиени од самиот след на околностите: нити имаше брзи прсти од гејците, нити пак беа заинтересирани да се борат против нас во таа битка. Таквото однесување на гејците беше лесно предвидливо и рационално од нивна страна. Тоа што имаме диктатор не ни дава никаква предност во моментов и веројатно во некои подобри идни времиња сами ке си платиме 200k за да се откачиме од диктаторството.
Единствена позитивна страна е што парите секако ке отидеа вака или онака.
Негативни страни се што веројатно и во мометов детерминацијата е x1.5 против диктаторот и не е никаков проблем за месец дена да дојдат 100 играчи и да ни го симнат диктаторот. Друга негативна страна е тоа што си ја умртвуваме играта и наместо дваесетина конгресмени, кои ги имаме сега за брзи прсти, само еден ке пушта закони. И конечно не е Македонија толку лесен залак за поставување на диктатор ни за гејците. Они си направија математика и пресметаа дека тоа ке ги чини многу во пари и што е најважно само ке ги обединеа земјите околу нас и ке имавме огромна подршка.
Меѓутоа ние се излетавме ко прле пред магаре.



3. AS

Во врска со AS сметам дека од моментот кога админите го воведоа окупаторскиот данок требаше да заборавиме на AS. Не само што не ни треба туку е и контрапродуктивно.
Едноставен пример: Гејците деновиве не победија само поради тоа што имаа пари за CO. Да беа банкрот како што беа пред неколку месеци сега можеби ке ја напаѓавме атина.
Се додека не се сложиме сите дека главен приоритет ни е да ги банкротираме гејциве и да ги принудиме на нап војнички, а не се молење, џабе ја играме играва. А секој бунар си има дно, нити се толку богати гејците колку што се шпекулира нити па е занемарливо тоа што за 2-3 дена им потрошивме 2-3 месечни приходи од даноци. Башка си имаат свои проблеми и не е далеку денот кога и кај нив некој ке го стисне црвеното копче на main page.


4. Сојузништва

Мислам дека е апсолвирано од сите дека Бугарија ни е најважен реален, а ако сакате и стратешки сојузник.
Чиле ни беше и ни е голем сојузник и по никоја цена не треба тоа сојузништво да се промени од наша страна и сметам дека треба да останеме најмалку пријатели.
Деновиве сме сведоци на некои старо-нови MPP-а и јасно е дека ке има нови претумбации. Веројатно некои сојузништва ке се забораваат, а некои стари сојузништва ке се воскреснуваат.
За да го извлечеме максимумот во наредниов период сметам дека по секоја цена треба прво да се потрудиме да го задржиме тоа што го имаме, а после да се летаме со статии за старо/нови MPP-а "кои ке не изваделе од ситуацијава".
Следете ги битките и гледајте кој пука за нас, а кој против нас. Тоа е најмеродавно за проценка со кого треба да имаме MPP, а со кој не. Секое избрзување и потпишување на старо/ново MPP без реална подршка во битките може повеќе да ни наштети одколку да ни помогне во моментов. Немам ништо против ниедна земја ама мислам дека премногу пати се изгоревме за да прифатиме неискрени сојузништва. Тој што сака да ни биде сојузник нека го испоти малце газот за нас па после тоа може да се разговара што понатаму. Така постапуваат сите нормални држави...само ние кога ке видиме како поише од десет души пукаат за нас почнуваме со шаути за MPP.

Има уште многу работи да се пишува во однос на организација, пари и ред други работи ама тоа во некоја друга прилика.

Спуштете ја малце топката во меѓусебните односи и насочете се кон општиот интерес.


Поздрав,
Felllix