Претседателско обраќање [Felllix]

Day 2,137, 04:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija







Поздрав до сите

Ви се обраќам во очи изборот на Конгресот за наредниов месец и би сакал да се осврнам на следниве теми:

1. Конгрес
2. Work tax
3. Долг на еМакедонија


1. Што се однесува до Конгресот пред се ви честитам на сите вас за пожртвуваноста и за посветеноста во остварувањето на целта. Македонија после три месеци конечно има Конгрес. За да стигнеме до оваа цел потребни беа два месеци на макотрпна работа почнувајки од првото RW за ослободување на оригинална територија, преку аирстрајкот па се до последните две RWa кои успешно ги затворивме. Македонија покажа и докажа дека заслужува Конгрес и тоа беше препознаено и од страна на нашите сојузници CoT на кои воедно им се заблагодарувам за огромната подршка која ни ја пружија низ сите овие битки.
Исто така им честитам на ново избраните Конгресмени и им посакувам успешен мандат и апелирам да ме додадат за пријател за да можеме побрзо да направиме Конгресменска порака.


2. Данок за работа во фирми или популарно Work tax.
По претходна анализа на даноците во земјите кои имаа Конгрес изминатиов месец предлагам данокот за работа во фирми Work tax да се намали на 5%. Со тоа значајно би се намалиле издатоците на сите нас, а особено на играчите со повеќе фирми, а сепак би се одржал приливот на средства во трезорот.
Како што напоменав и во мојата кандидатура војните се водат со пари и од витално значење е да имаме средства во секој момент.
Инаку даноците во сите земји, што се однесува до Work tax, се движат од 1-10% со тоа што доминираат земјите каде даноците се од 3-5%.
Уште еднаш предлагам данокот за почеток да биде 5% па доколку има потреба понатаму истиот би се менувал.

3. Долг на еМакедонија за изминативе два месеци.
Прво би сакал да кажам дека пред седум дена е формирана Комисија за утврдување на долгот на еМакедонија кон сојузниците. По документирано изнесување на задолженијата комисијата донесе заклучок дека долгот кон сојузниците изнесува 590к cc.
Долгот кон наши играчи е нешто помал од тоа и сеуште трае сумирањето на сите позајмици кои беа пратени до мене од страна на наши играчи. За сето тоа постојат PrtSc со кои ке се излезе со статија од страна на Министерството за финансии.
Грубо земено вкупниот долг изнесува близу 1 милион MKD.
Напоменувам дека долгот е направен во последниве два месеци и се однесува на следниве битки:
1. RW за ослободување на оригинална територија за Конгрес за месец Септември.
2. Битката со гејците пред тој конгрес која нажалост ја изгубивме.
3. Ослободителното RW пред АС.
4. Аирстрајкот.
5. Првата битка со Австралија.
6. RW Нов Зеланд пред овој Конгрес.
7. RW Австралија пред овој Конгрес.

Тука би сакал да се заблагодарам на сите Македонци кои не жалеа средства и позајмуваа големи пари со цел ослободување на Македонија и овозможија да имаме Конгрес овој месец. Нивните имиња ке бидат објавени со извештајот на Министерството за финансии.
Уште еднаш благодарам.

За состојбите во опкружувањето и идните предизвици во наредното мое обраќање.


Апелирам до сите Македонци со странски државјанства да се вратат во Македонија.

Да живее Македонија!



Felllix
Претседател на еМакедонија