Избор за певаљка eRep 2016 [МЗИ]

Day 3,005, 03:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав дечки.

Пред некој ден бев контактиран како министер со барање нашата земја да биде вклучена во проект за бирање за најдобар пејач на еРепов. Во консултација со ЦРЕПОТ одлучивме дека нема ништо лошо во тоа па се приклучуваме на светскиот проект и ќе се обидеме да пласираме наш претставник на изборот за најдобар пејач на еРеп.

Се надевам дека ќе има пријавени и сега би ви ги презентирал правилата.

Има неколку етапи кои треба да се исполнат за да дојдеме до конечното натпреварување. Се очекува овој концепт да трае 2-3 месеци.




Вака оди работата.

1.Креаторот на идејата праќа пораки до сите ЦРЕПОЈ на државите во светот

2.ЦРЕПОТЈТЕ му праќаат потврда или одбивање на предлогот и име на човек кој ќе ја организира манифестацијата на ниво на држава ЗНАЧИ ВО СЛУЧАЈОВ ЈА

3.Организација на натпревар на национално ниво, значи секоја држава ќе треба да си направи свој систем на гласање и бирање на пејачот кој ќе ја претставува државата на глобалниот натпревар кој треба да се одржи за 2-3 месеци

4.Јас како официјален претставник должен сум да го испратам името на играчот кој ќе биде фер избран за најдобар пејач во нашата држава за да учествува на светско ниво

5.Можно е да има и полу-финалиња, зависно од бројот на држави кои ќе се пријават. Во случај да нема полу-финалиња, финалето се очекува да биде некаде на крајот на Април почеток на Мај месец




ПРАВИЛА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА (дополнителни услови може да постави секоја земја во бирањето на својот претставник)

1.Песните мора да бидат испеани од играч на еРеп

2.Песната со која ќе сакате да се претставите може да биде која сакате било светски позната, било ваше авторско дело тоа е ваш избор, на кој јазик сакате

3.Песната која сте ја одбрале можете да ја пеете како оригиналот или пак да употребите некоја своја верзија, значи нема ограничување

4.Музиката во позадина може да биде караоке верзија, но ќе треба да доставите и линк од песната за евиденција

5.Забрането е користење на некакви апликации за модификација на вашиот глас, сепак ова е за забава. Можете да користете апликации но само како позадина или пак позадински гласови ако знаете како да го направите тоа

6.Ако сакате, исто така можете и да компонирате музика на вашиот компјутер, со напомена дека песната нема да има никаков човечки глас во неа

7.Можете да ја изработите песните со кој било уреди

8.Можете да ја поставите песната на кој било сајт

Победничката држава ќе биде наградена со 90% од сите претплати на пишаните статии, а 10% ќе бидат распределени помеѓу организаторите за нивниот труд.




Можеби ова ќе ви звучи глупаво, но воопшто не е така. Целта е да се забавуваме па доколку некој има желба и способност да се пријави и учествува слободно нека се пријави кај мене на ПМ.

Никогаш не се знае можеби токму овој натпревар може да ви биде отскочна даска за некоја блескава иднина.

Мавајте претплати на ставијава, гласајте ја и шаутирајте за што повеќе луѓе да видат и се надевам на што повеќе пријавени.

Министер за Информирање

akconel