Техничка Влада [El Che]

Day 1,864, 13:28 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Добра вечер Македонија,каде и да си.

Ова е една идеја која одамна ја размислувам,а сакам и Вие да се вклучите во нејзино разработување.

Станува збор за т.н. ТЕХНИЧКА ВЛАДА,односно Влада составена од професионалци кои сакаат и имаат повеќе време да и посветат на е-Македонија.
Тие личности да бидат распоредени во различните е-министерества.
Нивното напредување и функција зависи од нивната умешност,времето и заложбите кои го посветуваат на соодветното министерство.
Ова се однесува на клучните Министерства како што е МоФА(за надворешни работи),МоД(за одбрана),а истата постапка може да се примени и на останати министерства,па дури и на Амбасадориските места.

Наиме,секое Министерство да има еден или двајца главни министри,неколку помошници/заменици и неколку почетници кои сакаат да учат и со тек на време да напредуваат во е-кариерата.

Партиската припадност и е-староста не е важна.Важно е само бидат предани во својата работа,да се чесни и одговорни и да работат само и само за интересите на е-Макединија

Нормално сето тоа контролирано и од страна на избраниот е-Претседател.Тука се остава можност секој иден Претседател да има право на дополнување на овој тим со "свои луѓе".


Бидејќи тие функциии се професионални,не ќе е лошо овие функционери симболично(но не и смешно) да се плаќаат од Буџетот на е-Македонија.

Која е нашата корист од ова и користа на е-Македонија?

1.Континуитет во работата на секое Министерство,без падови,потфрлања и мртви периоди.

-континуитет во надворешната политика
-континуитет во функционирањето на Одбраната и конечно формирање на Државна Армија
-континуитет во образованието и помошта на новите играчи
-постојано и навремено информирање на е-народот за случувањата дома и во светот....

2.Постојана обука на нови кадри,кои ќе ги заменат старите(зашто со тек на време секој се троши).

3.Секогаш ќе има онлине играчи кои се претставници на Владата и Претседателот.

4.Секогаш ќе има некој кој може да го замени првиот кој не е во можност од најразлични причини да ја извршува својата функција во одреден период.

5.Поделба на работата и должностите на повеќе луѓе,со што се олеснува истата и е поефективна.

6.Оваа Влада ќе преставува и корекција и суперконтрола на секој Претседател(знаејќи какви не црепови имаме 🙂 )

7.Страшно олеснување на работата на секој иден Претседател.

........

Мислам дека е време малку попрофесинално да гледаме на работите,а не секогаш стихијно и кампањски да ги решаваме проблемите и да ја креираме надворешната и внатрешната политика на е-Македонија


П.С.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА