[EDITED] АНАЛИЗА НА КОНГРЕСОТ (КОЈ Е КОЈ?)

Day 1,436, 16:59 Published in North Macedonia Belgium by El1teBE
EDIT: Со underline се обележани додадените места!

Пак ветив - пак исполнувам! (Леле, ако уште една статија ја започнам со зборовите на Гwујо, ќе скокнам од Камени Мост 😛) Ќе се обидам да дадам детална анализа за тоа кого го избра народот за во Конгрес. За после да нема каење, како и секогаш...

1. ScymeX
Партија: MRDLjS
Регион: Povardarie
Гласови: 302
MU: MTO

Нема потреба од посебно претставување. Ова му е втор мандат во Конгресот. 302-та гласа доволно кажуваат - не само дека не може да потфрли на бојното поле, туку и во Конгрес исто така.

2. Aspadora
Партија: ОеМ
Регион: Povardarie
Гласови: 139
MU: ArMakedon

Еден од ретките членови на АрМакедон кој навистина заслужува почит. Впрочем, исто и за него, 139те гласа кажуваат дека не потфрлил во претходните два мандата (ова му е трет мандат) во Конгресот. Не којзнае колку експониран член на својата партија, недоволно познато (барем за мене) дали и колку учествувал во матните зделки на АрАмиите во минатото, но добар новинар, со одлични погледи во полето на економијата, и идеи кои вреди да бидат слушнати. Плус, и полнолетен граѓанин во RL. Според мене - нема да потфрли!

3. Drashhh_III_Makedonski
Партија: ОеМ
Регион: Eastern Macedonia
Гласови: 68
MU: ArMakedon

Првиот наш ex-Претседател во ова друштво (ги има двајца). Дури и врапчињата знаат што се случуваше во неговиот мандат како Претседател (или барем што се зборуваше дека се случувало). Сепак - ОеМ му даде уште една шанса (петта по ред - ова му е четврт мандат во Конгресот) да се докаже и покаже. Што е до мене - сметам дека нема да потфрли, зошто сепак е премногу искусен играч, а и плус, од Конгрес нема некој ефективен начин за ставање на државни пари во сопствен џеб (барем јас така мислам).

4. KepenciMKD
Партија: ОеМ
Регион: Western Macedonia
Гласови: 62
MU: ArMakedon

Вториот (и последен) наш ex-Претседател во овој Конгрес. Важи истото што и за Drashhh_III_Makedonski, со мала разлика што (во моите очи) KepenciMKD засекогаш ќе остане недоволно доблесна личност (сеедно што се работи исто така за возрасна единка), и за секогаш ќе остане запаметено како ја остави еМакедонија на цедило заедно со својот таканаречен тим. Затоа, многу помалце му верувам за разлика од Drashhh_III_Makedonski, иако во неговиот мандат не се познати некои поголеми докази дека крадел од државната каса и сл. како за неговите претходници АрМакедонци. Ова му е трет мандат во Конгресот. Се надевам дека нема да избега пак доколку му зажежи под јајцата како што направи во времето на неговото незаслужено претседателствување.

5. Hoban Washburne
Партија: MO-UP
Регион: Povardarie
Гласови: 61
MU: MTO

Еден од нашите тенкаши, кој иако велеше дека политичкиот дел од играва не му е интересен, еве го и него во Конгресот. Или се промениле неговите ставови, или пак се кандидирал за да го одземе местото на некој кој не го заслужува нималку. Трето нема! Се надевам и посакувам дека сепак ова влегување во Конгресот за него ќе значи и комплетно инволвирање во политиката на еМакедонија, зошто сепак се работи за зрела личност (30+ години), и искусен играч кој би можел многу да придонесе во еМакедонија со своите дела и идеи.

6. bibermk
Партија: MO-UP
Регион: Eastern Macedonia
Гласови: 58
MU: MTO

По втор пат член на Конгресот, исто така искусен играч, стар тенкаш, и човек кој заслужува respect на секој план. Недостигаат само неговите идеи во политиката, во смисла на тоа што не е активен на полето на новинарството, но во никој случај не е FAIL.

7. Viki MKD
Партија: ОеМ
Регион: Eastern Macedonia
Гласови: 51
MU: ArMakedon

Првата дама тука - заслужено!!! По четврт пат во Конгресот, а сите ја знаеме како поранешна Министерка за образование (мал парадокс - Министерка за образование, а не ни има свој весник), но според мене беше поставена таму само формално (ќе видите подолу кај една друга дама и визуелно како во еМакедонија луѓето кои не виделе цицка во живо се палат на еЖителките 😃) Да можат, се би им дале! Сепак, девојчево нема да потфрли во улогата на Конгресмен! И досега, во трите претходни мандати не бевме слушнале такво нешто. Доста сериозен лик, со сериозен пристап на работите (еден од ретките оператори на #emkd (со доживотен оп) која не се чатали дека го има истиот и секогаш разумно го користи), но верувајте дека може многу повеќе од тоа, само доколку малку повеќе се експонира. Еве и уште една шанса за тоа!

8. WaRlOR
Партија: MRDLjS
Регион: Western Macedonia
Гласови: 46
MU: Immortals

„Врховниот заповедник“ на Immortals, еден од доушниците (читај: лижачите) кај Don Tas, со кого имав шанса неколкупати да разговарам, и ми остави впечаток на гоооолем фалбаџија 😛 Трет пат е во Конгрес. Сепак - добар играч во глобала! Уште една сигурна карта во шпилот на Конгресот.

9. Kanopy
Партија: MO-UP
Регион: Western Macedonia
Гласови: 44
MU: MTO

Еден од раководните луѓе на МТО, Kanopy е играч за кого просто немам зборови (иако не сум имал некој особен контакт со него, ми има оставено многу силен впечаток). Човек на место во секоја смисла на зборот. По втор пат е во Конгрес, а му недостасува само еден медал во колекцијата - CP медалот! Ова е отворен АПЕЛ ДО НЕГО - Kanopy, кандидирај се и за Претседател!!!

10. Danco the Conqueror
Партија: MRDLjS
Регион: Thessaly
Гласови: 37
MU: Demons

Првиот ептен несигурен член на Конгресот. Не викам дека е FAIL, само ретко кој знае било што за него (можеби само од неговата единица). Прв пат му е да стане Конгресмен, затоа, мора да биде под будното око на еНацијата! ВНИМАВАЈТЕ НА НЕГО!!!

11. Tigar4eMK
Партија: MRDLjS
Регион: Thessaly
Гласови: 36
MU: Predators

Вториот на кој МОРА ДА СЕ ВНИМАВА!!! Исто - прв пат во Конгрес. Не викам дека нема да го биде, само оставаме да покаже времето, затоа што исто како и Danco the Conqueror - малкумина знаат за него (не бил политички инволвиран до сега).

12. drakalbt
Партија: MO-UP
Регион: Ionian Islands
Гласови: 36
MU: DBK

Човек кој сигурно не го знаете (исто како и претходните двајца е прв пат во Конгрес, и не бил политички активен до сега), но е многу ценет член на мојата единица, и еден од заменик командантите во неа - DBK, па така, јас гарантирам за него. drakalbt е личност која никогаш нема да ве изневери. Тој е човекот кој (пред 5-6 месеци) ме донесе во DBK за што сум му бескрајно благодарен, и за што секогаш ќе го ценам и почитувам. Дополнително - има правено доста за доброто на еМакедонија порано: има организирано голем број на МММ акции, од кои една (можеби најголемата) на Rizon, ќе остане засекогаш запаметена како бр.1 MMM акција во еМакедонија. Исто така - возрасна личност, живее надвор од Македонија, но со срцето е секогаш со нас. 100% нема да потфрли. (НЕ)ПЛАТЕНА ПОЛИТИЧКА ПРОГРАМА: Побарајте го ако ви е потребен аватар!!! 😛

13. VelAco
Партија: ЗПеМ
Регион: Thessaly
Гласови: 35
MU: Волци

Трет пат е во Конгрес. Инаку е постар човек, со сериозни сфаќања. На времето и сам призна деке купувал гласови за да влезе во Конгрес во еден од своите претходни мандати, само затоа што бил изреволтиран од своите противкандидати. Неговото име беше споменувано дека подбуцнувал еден од конгресмените во минатиот мандат да предложи закон за прогласување на NE на Кипар, по што VelAco јавно истапи од Конгресот, со отчет кон гласачите преку статија дека поднесува морална оставка. Да се надеваме дека овојпат нема да го направи истото, иако се сомневам во тоа, зошто секогаш остава впечаток на голем плукач.

14. Punisher8
Партија: ЗПеМ
Регион: Ionian Islands
Гласови: 35
MU: Волци

Уште еден човек кој за прв пат е во Конгресот. Иако изгледа како доста искусен припадник на виртуелнава заедница, јас не го знам, и прв пат слушам за него... Значи - ПОТРЕБНА Е ОПСЕРВАЦИЈА!!!

15. buli11
Партија: MRDLjS
Регион: Epirus
Гласови: 32
MU: Immortals

Другарче на WaRlOR, важат речиси истите работи и за него - и со него имав можност да поразговарам на неколкупати, ми остави впечаток на смирена и сериозна личност, што не мора ништо да значи, меѓутоа верувам дека не би направил никаков сериозен проблем. Прв пат е во Конгрес. Иако не се споменува директно, верувам дека (како другар на WaRlOR) и buli11 е еден од доушниците и подлизурковците на Don Tas. Не дека тоа е нешто лошо. Само што во принцип, луѓето кои лижат или се гребат некаде, ми делуваат на луѓе кои се недоволно способни сами да си ги завршат работите и кои немаат свој став. Не велам дека buli11 е таква личност, да не бидам сфатен погрешно, тоа е само една обична моја предрасуда која во многу случаи испаѓа дека е точна.

EDIT: buli11 се покажа баш таков каков и што го опишав. За овие неколку дена додека статијава опстојуваше, дечково не спомна ниту еден лош збор за мене како што WaRlOR и felllix правеа, а камоли пак за мојата единица која не знам каква врска има со целата настаната ситуација - но некои и неа ја вмешаа. buli11 покажа дека навистина е сериозна личност, и човек со доблести... Пред целата читателска публика јас најдлабоко се извинувам на buli11 доколку со некој мој збор (ненамерно) сум го навредил и повредил!

16. MakedonecMKD
Партија: ЗПеМ
Регион: Crete
Гласови: 32
MU: Волци

Седми мандат во Конгрес. Друго нема ништо да коментирам - ќе ве оставам сами да оцените:


17. AlexSkopje
Партија: MRDLjS
Регион: Peloponnese
Гласови: 32
MU: Reservoir Dogs

Освен по мноооогуте коментари по туѓи статии, овој играч никогаш не сум го видел на друго место, плус, прв пат е во Конгрес. Значи - EYE ON HIM!!!

18. BlackMK
Партија: MO-UP
Регион: Crete
Гласови: 31
MU: Panzer

Нашето познато црнче за прв пат и во Конгресот!!! Го знаемеод irc каналите, инаку не бил којзнае колку политички инволвиран... Panzer, а и тој со него, од секогаш беа вечна опозиција, и додека половина од истата единица ужива во придобивките од дружбата со тимот на Don Tas, Црни се одлучи пак да биде опозиција. Respect за еден од вечните бунтовници 😃 Ќе биде добар конгресмен!!! Ако ништо друго, ќе остане запаметен како првиот Црнец во македонскиот Конгрес 😃 😃 😃 (Мала шега само - без замерки 😉 )

19. gocevojvoda
Партија: ЗПеМ
Регион: Crete
Гласови: 30
MU: Волци

Искусен играч, иако не нешто особено инволвиран во политиката. На таквите како него не знаеш дали да им веруваш или не. Во секој случај - пожелно би било да се ВНИМАВА НА НЕГО!!!

20. Benito Amilcare M
Партија: ЗПеМ
Регион: Ionian Islands
Гласови: 30
MU: eVMRO

По втор пат е во Конгрес, имаше еден релативно успешен мандат (не слушнавме за никакви проблеми направени од негова страна), впрочем затоа и ја доби довербата по втор пат. Иако по кандидирањето за првиот мандат беше ставен на неколку црни листи за купување гласови (Benito Amilcare M wrote 21 minutes ago koj nema glasano neka mi pise pm), сепак, со доза на резерва прифатете го тоа, и не е лошо да се следи неговата работа со едно окце 😉
EDIT: Ова штотуку го добив и од овие избори:

Пресудете сами!!!

21. sime0ss
Партија: MO-UP
Регион: Epirus
Гласови: 29
MU: Panzer

Прв пат во Конгрес. Немам некои посебни информации за него. МОРА ДА ВНИМАВАТЕ!!!

22. Djuk75
Партија: OeM
Регион: Trace
Гласови: 29
MU: ArMakedon

Втор пат во Конгрес! Јас го знам само како тролач по комантари на статии, и ништо повеќе за него. МОРА ДА ВНИМАВАТЕ!!!

23. Koteska
Партија: OeM
Регион: Epirus
Гласови: 28
MU: ArMakedon

Ја знаат сите како АрАмиката од #emkd . Искрено, мене ме фаќа страв од неа, не знам зошто. Најискрено (без навреда, со ова не мислам ништо лошо, само го пренесувам мојот впечаток, иако не сум имал некој многу близок контакт со неа) мене ми делува како фригидна госпоѓа во години, која лечи фрустрации во виртуелниов свет преку kick и ban на #emkd. 😃 Во Конгрес ќе и биде втор пат. Сметам дека нема да направи утка таму, доволно е искусна за да стори било каков прекршок...

24. Buli123
Партија: ЗПеМ
Регион: Aegean Islands
Гласови: 27
MU: Demons

Прв пат во Конгрес. Го знам како голем спамер по блогови, форуми, чатови и други online места со својот referer линк, а има само еден SB медал. Не се сеќавам дека бил нешто во голема мера политички активен, затоа - EYE ON HIM TOO!!!

25. Drente
Партија: MRDLjS
Регион: Trace
Гласови: 27
MU: Волци

Дечково не го знаев воопшто, освен онака што сум го среќавал на неколкупати во коментар на некоја статија, се додека не дојде во DBK (најверојатно затоа што бил избркан од Волци), и успеа да издржи кај нас нецела една недела. Поради непослушност, беше казнет, по што ја напушти (своеволно) единицата, и беше експресно вратен назад во Волци (???). Значи - знаеме дека е непослушен, а и дека прв пат е во Конгрес, затоа би советувал да ВНИМАВАТЕ НА НЕГО!!!
EDIT:


26. TRTE T
Партија: MRDLjS
Регион: Aegean Islands
Гласови: 27
MU: Тигри

Откако MRDLjS изгубија значаен дел од членството по формирањето на MO-UP партијата, некако како да немаат идеја со кои личности да ги пополнат празните места во Конгресот, па ставаат некои тотални анонимуси. Јас ќе се извинам доколку грешем, но и за дечково никогаш не сум слушнал. Затоа - ВНИМАВАЈТЕ!!!

27. Felllix
Партија: MRDLjS
Регион: Trace
Гласови: 25
MU: Immortals

Второто другарче на WaRlOR. Се што ве интересира за него, прочитајте кај WaRlOR и buli11. Нема што да се додаде!!!

EDIT: Уште еден доказ за какви личности се работи (тука мислам на felllix и WaRlOR), што значи дека не сум згрешил... Само во едно нешто felllix се поправи - наместо да не плука позади грб (како што досега го правеше тоа), излезе од својата кожурка на дволичник и овојпат го изведе чинот на плукање - ЈАВНО! Би додал уште и дека е несериозен, и изгледа ќе остане засекогаш да се крие позади грбот на Don Tas!



28. mac3donia
Партија: ОеМ
Регион: Atica
Гласови: 25
MU: Dukes

Најголем FAIL на избориве. Луѓето кои го плукаа, кои збореа против него, на крај го кандидираа за конгресмен. Сите знаеме кој е тој, кому даваше државјанства во претходниот мандат и што се случува секогаш кога тој ќе се вмеша во дискусија. Друга работа - не знам како не му е срам по втор пат да се кандидира по тоа што се случи, а како трето, најголем FAIL во целата ситуација се 25мината кои гласале за него. СРАМ ДА ИМ Е!!! Во статија денес објави дека божем ќе се подобрел и дека ќе ја подобрел грешката која ја направил во претходниот мандат. Јас лично не верувам, но, ај да видиме...

29. Kirijana
Партија: MO-UP
Регион: Atica
Гласови: 24
MU: MTO

По втор пат во Конгрес, третата жена во оваа постава. Себеси се смета (а и лично јас ја сметам) за доста успешна жена во овој наш виртуелен свет, но еве што за тоа мисли некој друг:

😃 😃 😃 😃 😃 😃
Сеедно, јас мислам дека нема да потфрли!!!

30. Adam's
Партија: ОеМ
Регион: Atica
Гласови: 24
MU: Revolucion

ТОТАЛЕН АНОНИМУС! Не само што не знам ништо за него, туку и прв пат го гледам неговиот профил. МАКСИМАЛНО ВНИМАНИЕ!!!

31. Persej Makedonski
Партија: eVMRO - DPMNE
Регион: Aegean Islands
Гласови: 23
MU: Immortals

Толку влијателни луѓе ли има единицава? Ова е дури четвртиот Бесмртен во оваа конкуренција (а има уште...). Сеедно, и за него знам дека е возрасна личност, сериозен човек кој нема шанси да потфрли. Впрочем, златото кое го доби од медалот вети дека ќе го подели преку купени тенкови на луѓето кои ќе коментираат на неговата статија - и го остварува тоа во моментов. Ќе биде добар конгресмен, убеден сум во тоа!

32. e Vladimir
Партија: MRDLjS
Регион: Peloponnese
Гласови: 21
MU: Silver Shields

Трет пат во Конгрес. Доволно искусен за да не згреши нешто??? Да се надеваме!

33. Captain Igor
Партија: MRDLjS
Регион: Macedonia
Гласови: 20
MU: Волци

Исто така трет пат во Конгрес. Ама видете ова:

И ова:


34. MeDs Leinad
Партија: MO-UP
Регион: Peloponnese
Гласови: 17
MU: MTO

За прв пат во Конгрес, но сите го знаеме како поранешен Министер за надворешни работи на еМакедонија, и одлично си ја вршеше работа. Исто, од одамна е позната како одличен новинар, и човек кој во ниеден домен нема шанси да потфрли! А освои само 17 гласа - СРАМОТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГЛАСАЧИ - ваквите луѓе заслужуваат многу, многу повеќе!

35. DOLGOSKI
Партија: eVMRO-DPMNE
Регион: Macedonia
Гласови: 14
MU: Rastur Sistem

По четврт пат во Конгрес, исто ставен на некои од старите црни листи (DOLGOSKI wrote 2 minutes ago KUPUVAM GLASOVI PM). ВНИМАВАЈТЕ!!!

36. tamarsita
Партија: MRDLjS
Регион: Macedonia
Гласови: 14
MU: Chaos Order

Прв пат во Конгрес, и (изненадувачки) единствената личност од Chaos Order таму? Се случува ли нешто чудно??? Единицата на власт нема подобри кандидати??? 😮 Јас се извинувам Lady, ама за тебе дефинитивно гласале само заради лепота. Таа сликата од кај Kirijana, најмногу за тебе се однесува. МАКСИМАЛНО ВНИМАНИЕ!!!

37. Maya_The_Bee
Партија: MRDLjS
Регион: Povardarie
Гласови: 55
MU: MTO

Првата Wildcard и за прв пат во Конгрес. Личност која ми има оставено впечаток на доста интелегентна и либерална девојка, која играва ја сфатила баш онака како треба - како ИГРА. Секогаш се држи на дистанца од секакви проблеми, но со ставови кои го надминуваат интелектот на многумината еМакедонци. Секоја чест за Маја! Нема да ве разочара!!!

38. Archibold
Партија: OeM
Регион: Povardarie
Гласови: 54
MU: ArMakedon

Уште еден од плејадата АрАмии за кои се ширеа лоши муабети... Еден од доушниците на Dras, никогаш не сум слушнал да го покаже некаде своето ЈАС. Значи, ќе го прави она што батко Dras ќе му го нареди, а се надевам дека до крајот на мандатот ќе ме разубеди во спротивното!

39. Prilep4an4e
Партија: MO-UP
Регион: Povardarie
Гласови: 51
MU: DBK

Искрено, најголемото изненадување на избориве за мене! Очекував тотално да потфрли, а го освои својот втор мандат! Браво ПеПе!!! Докажа дека не се твоите статии твоите бисери, туку дека самиот ти си најголем бисер во DBK. И за поздравување е фактот што влезе во Конгрес без ниеден купен глас!!! Не му е прв пат во Конгрес, послушен е, и сигурен сум дека нема да разочара.

40. Voix of Macedonia
Партија: MO-UP
Регион: Eastern Macedonia
Гласови: 49
MU: DBK


HAIL VOIX!!! - мислам дека е доволно

41. Flame Of Spirit
Партија: ОеМ
Регион: Povardarie
Гласови: 49
MU: ArMakedon

И он беше еден од луѓето кои вчера нудеа пари за глас (100 МКД), само за жал немам никаков доказ за тоа. Сепак, ВНИМАВАЈТЕ!!!

42. Andrejxs
Партија: ZPeM
Регион: Eastern Macedonia
Гласови: 48
MU: единствениот цивил во Конгресот овој мандат!

Поранешен член на DBК, од каде што го познавам. Како личност - се најдобро за него, освен што ме изненади кандидатурата, зошто претходниот пат кога беше Конгресмен, се откажа на пола мандат, разочаран од работата на некои луѓе во истиот. Што бара сега назад, навистина не знам... Знам само дека имаше инспиративна кампања во предизборието 😃 😃 😃 По таква статија, уште не можам да сфатам како има луѓе кои го гласаа (статијата му е избришана, инаку ќе ја поставев тука)! 😃

43. Martin Tashkoski
Партија: MRDLjS
Регион: Povardarie
Гласови: 44
MU: Лавови

Единствено што знам е дека беше кандидат за Претседател на еМакедонија. Во Конгрес е по четврт пат, што значи дека доволно искусен за да не направи некоја голема глупост (што и не мора ништо да значи). Во секој случај, не е нешто особено страшен лик.

_____________________________________________________________________________________


И тоа би било се! Мое мислење е дека во овој мандат на Конгресот има доста подобри поединци отколку во претходните. Заклучок - изгледа (полека, но сигурно), се опаметуваме!!!

ЗА SHOUT:
АНАЛИЗА НА КОНГРЕСОТ (КОЈ Е КОЈ?)
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1891021/1/20