РЕФЕРЕНДУМ - Резултати (EDIT)

Day 2,792, 14:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

Ова се резултатите од референдумот.


Следните граѓани го искажале своето мислење околу прашањата на референдумот:


4.65% од граѓаните кои гласале (2 граѓани) се произнеле за безусловна поддршка кон претседателот Mr.Santinoo.

41.86% од граѓаните кои гласале (18 граѓани) се произнеле за дозволување на претседателот Mr.Santinoo да го продолжи мандатот само под услов да престане да ја злоупотребува функцијата и да ги врати парите на играчите.

53.49% од граѓаните кои гласале (23 граѓани) се произнеле за претседателот Mr.Santinoo да ја напушти претседателската функција и диктатурата да ја префрли на GAMBLE_24, кандидатот на претседателските избори со освоено второ место по број на гласови.


Резултатите од овој референдум укажуваат на еден многу јасен заклучок:
Моменталниот претседател Mr.Santinoo нема поддршка од граѓаните во своте налегитимни постапки како што се:
- решавање на судбината на приватно поседувани пари
- закани за наштетување на државата


Со ова граѓаните бараат од моменталниот претседател Mr.Santinoo без понатамошни одложувања и условувања да ги врати парите кои се се задржани од него а се во сопственост на krste83. Во спротивно бараат оставка од претседателската функција и префрлање на диктатурата на GAMBLE_24.


Поради малата разлика во гласовите за опциите 2 и 3, резултатите од овој референдум не се доволни за да се побара безусловна оставка на Mr.Santinoo од претседателската функција.


Референдумот може да биде повторно објавен доколку поголем број на играчи кои не гласале или кои би сакале да се предомислат за избраната опција, изразат желба за тоа.


Валидност на референдумот.

Статијата со референдумот не само што влезе во националниот Топ 5, туку и го зазема првото место. Има 103 гласа и 115 коментари
Очигледно референдумот не помина незабележан и сите имаа еднаква можност и право јавно да го искажат своето мислење.
Повеќе не би можело да биде побарано од еден референдум во нашата заедница.

Повикување на разгледување на процентуалната излезност за одредување на валидноста на референдумот е нелегитимно. Такво правило е присутно само при договор на дадената заедница да такво правило постои и секако со договор колкав би требало да биде процентот на излезност за таа заедница да го смета за валиден тој референдум.
Нашата заедница нема такви договори.


EDIT2:

До оние кои сеуште се повикуваат на излезност/консензус.

Дури и референдумот кој ја овозможи диктатурата која Сантино ја злоупотребува, и покрај тоа што беше спроведен од тогашниот претседател во службен весник доби само 75 гласа.

Секој си има право на сопствено мислење, но за да биде оспорен референдумот ќе ви треба со вашето мислење да се согласат најмалку 43 луѓе.

Ако мислите дека се малку ај да ве видам вие собрете ги 😉

Мојата легитимност.

Јас сум засегнат граѓанин кој прави јавен референдум за изјаснување на граѓанската волја во државен интерес. Не ми е потребен никаков легитимитет за да побарам да се произнесат граѓаните со свое мислење т.е. да им понудам начин/место да го сторат истото.
Секој од нас може да го стори истото доколку увиди потреба од јавно изјаснување на одредена важна тема.

Apokaliptic



EDIT:

За шаут:

РЕФЕРЕНДУМ - Резултати (EDIT)

http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2538003/1/20