Нова опција во еРепублик - Воени Наредби [dDejan]

Day 2,075, 00:50 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

Играчите ќе можат да прифатат Наредби за Војување поставени од Воени Единици (од својата а и од други воени единици) и да примаат пари за направена штета во одредената битка.

Сметка на Воена Единица
- За да може да се изврши плаќањето за Наредбите за Војување, сите Воени Единици ќе имаат заедничка сметка со пари
- Секој полноправен член на Воената Единица кој е левел 25 и повисоко, ќе може да донира пари на сметката на Воената Единица
- Парите соберени на сметката на Воената Единица ќе може да се трошат само за Наредби за Војување



Наредби за Војување – Главни одлики

- Наредбите за Војување може да ги постават само командирите на Воената Единица
- Со Наредба за Војување, Воените Единици ќе можат да им платат на заинтересирани играчи да се борат во одредена битка
- Кога се поставува Наредба за Војување, командирите ќе можат да постават цена (награда) за 1.000.000 направена штета.
- Наградата ќе биде префрлена ВЕДНАШ после секое убиство, не откако ќе се направи 1.000.000 штета (ако се исполнети условите ѕидот да не надминал одреден процент)
- Секој тип на штета се рачуна (вклучително и бомби, ракети и герила битки). Наградата се дава веднаш откако ќе се направи штетата
- Наредбите за војување можат да се подесат да не може да се прави непотребно многу штета. Парите ќе се делат само ако ѕидот во битката не надминува одредена вредност поставена од командирот. На пример, Наредбата за Војување може да биде поставена да се делат пари за тие што се борат во востанието во Повардарје, за Македонија против Грицја, се додека ѕидот во битката не надминува 52% за Македонија. Значи ако ѕидот надмине 52% за Македонија, тогаш не се делат пари на играчите кои сеуште се борат за Македонија.

Воени Наредби за играчите
- Кога ја прегледувате листата на битки, ќе видите икона до секоја воена кампања која има поставено Наредби за Војување, а исто така ќе може да видите колку Наредби за Војување има поставено за соодветната дивизија на играчот

- Кога ќе отворите одредена битка, ќе има панел на десната страна од екранот

- Овој панел ќе содржи информации со Наредбите за Војување
- Може да се прифати само една Наредба за Војување
- После секое убиство, соодветната сума пари ќе биде префрлена на сметката на играчот
- Парите кои ќе се заработат ќе се прикажат во вид на анимација слично на тоа како се прикажуваат заработените Искуствени Поени
- Ако одредена Наредба за Војување не дава награда бидејќи ѕидот е повисок од предвиденото, тогаш таа наредба ќе биде прикажана во друга боја
- Играчите ќе добијат визуелно известување кога одредена Нареба за Војување ќе престане да дава награди (поради висок ѕид)
- Наредбата за Војување ќе биде отстранета кога одредената сума од Воената Единица ќе се потроши

Воени Наредби за Командирите на Воени Единици

Командирите ќе имаат пристап до нова секција на страницата на воената единица.
Оваа секција ќе има неколку филтери кои можат да се искористат да се постават Воени Наредби:
- Државјанство – Воените наредби може да се ограничат само за играчи кои имаат одредено државјанство
- Воена Единица – Воените наредби може да се ограничат само за играчи од одредена Воена Единица
- Битка – овде се поставува која битка, за која страна да се борат играчите, и за која дивизија е активна Наредбата за Војување. ВАЖНО, може да се постави само една Наредба за Војување за одредена битка и дивизија
- Цена за штета – Овде се поставува колку ќе биде платено за 1.000.000 направена штета
- Максимум доминација – Овде се поставува до која вредност на ѕидот ќе биде активна наредбата. (пример, да се врши исплата само ако ѕидот е под 52😵
- Буџет за Воената Наредба – Овде се поставува колку најмногу пари може да се потрошат за таа Воена Наредба. Парите ќе се минусираат од сметката на Воената Единица

Командирите ќе можат да ги видат сите активни Воени Наредби и ќе можат
- да го сменат буџетот (сумата) за воената наредба
- да ја промената надокнадата за 1.000.000 штета
- да ја паузираат наредбата
- да ја реактивираат наредбата (наредбата може да се ре-активира после 10 минути откако ќе биде деактивирана).
- да избришат одредена Воена Наредба
- да ја отворат битката за која Воената Наредба е поставена


(Благодарност до Korkac за сликата)

Во една битка, може да се постават различни цени (награда) за направена штета за различни дивизии. Пример една цена за Д1, а друга цена за Д2, итн.


(Благодарност до Darriel за сликата)