[DarkoDimovski1]Крај на една приказна

Day 1,923, 14:46 Published in Belgium North Macedonia by DarkoDimovski1
For my foreign friends, this is my last goodbye to this game. I'm glad for meeting so many foreign players in this game. Till the next time..


Почитувани Македонци,

Веќе подолг временски период немав напишано статија, а не ни верував дека веќе толку брзо ќе напишам и статија за конечно опростување од оваа еИгра. Но ете, дојде и тој момент кога засекогаш ќе кажам крај на оваа игра. Би сакал да напишам нешто за мене и моите искуства во оваа игра.

Играва ја играм веќе подолг временски период, односно по вториот бејби бум кој беше направен во Македонија. Уште како еБебе навлегов во политичките води и успеав да направам некои работи за кои не бев ни сам свесен дека можам да ги направам. Бев долго време Министер за Одбрана, подоцна и Министер за надворешни работи, конгресмен во Македонија, конгресмен и МоФА во Белгија за на крај мојата приказна да ја завршам како еПретседател на еМакедонија. Мојот мандат и не беше толку славен, не беше толку добар дури можеби е и најлош во историјата на еМакедонија, но верувајте ми се трудев колку што е во моја моќ да не ве разочарам. Сите планови кои ги правев, сите договори кои ги склучував па дури и сите воени акции кои се правеа на други територии беа во согласност со тогашниот сојуз ОНЕ и со моите пријатели тука на играва. Бев долго време во сојузот ОНЕ и за кратко успеавме заедно со уште неколку соработници да го дигнеме сојузот кој што тогаш пропаѓаше. Стапив во контакт со Бугарите, имав многу непреспиени ноќи и договори како понатаму и што понатаму. Запознав многу пријатели, запознав и многу други луѓе со кои и до ден денес комуницирам.
Мојот прв БХ медал го фатив во Егејска Македонија со еден милион штета и храбро се борев за доброто на еМакедонија

Статијава не би сакал да ја продолжувам бидејќи има многу работи кои би ги раскажувал и кои би ги пишувал до доцна во ноќта.
Ова е сета моја зимница која ја собирав и која сакав да ја искористам во една од многуте клучни битки кои и претстојат на еМакедонија


Само сакам да ви посакам се најдобро во оваа еИгра и ми беше мило што запознав дел од вас.
Бидете тоа што сте, па макар и да има премногу препреки. Патот до успехот можеби е тежок и трнлив, но ќе дојде.
Бидете Македонци и сакајте ја Македонија.

Со сета почит,
ДаркоДимовски1

До следно видување во некоја друга приказна.