[МЗИ] CoT MC (Circle of Trust – Movable Cropus)

Day 1,941, 15:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Здраво драги,
На големо задоволство ви го најавувам новиот ЦоТ проект, кој ќе биде многу корисен за алијансата.
Поконкретно, станува збор за формирање на посада/сквад под директно покровителство на воениот (MC) & врховен командант (SC) на ЦоТ.
По првата статија веќе имаме околу 30 членови. Сите оние кои што ќе аплицираат(апликацијата е прикачена подолу) после оваа статија ќе бидат исконтактирани. Ако веќе ја имате потполнето апликацијата, ве молиме да не го правите тоа повторно. Благодарам.



Што ќе претставува?
Овој сквад односно посада ќе ја сочинуваат играчи од сите држави кои се членки на алијансата, без бројна граница на играчи од една држава.
Поради тоа што 4-тата дивизија има најголема потреба од штета, одлучивме дека најдобро е сквадот да биде сконцентриран на истата дивизија.
Исто така, предвидуваме и сквад за 3-та дизивија, но сепак е прерано за дискусија на таа точка.
Секој полноправен член на ЦОТ алијансата ќе се стекне со правото да биде член на посадата. Членовите кои се ставени на пробен период, односно неполноправни членки на алијансата ќе можат да се придружат само кога пробниот период ќе им заврши и ќе бидат полноправни членови.


Кои се барањата кои еден играч треба да ги исполнува за да аплицира во сквадот?

- Минимум 33 000 – 34 000 сила и ранк GoW
- Државјанство од држава членка на ЦоТ
- Пукање по наредба
- Поднесување на извештај во вид на принт скрин фотографија од направената штета во една рунда
- Присуство на ИРЦ каналот за наредби. Присуството е задолжително само кога има важна мисија (Известувањето за истата ќе биде преку приватна порака или шаути ингејм)
- Задолжително носење на заедничкиот аватар, односно рамка така што ќе се овозможи зачувување на идентитетот на играчот

Финансирање:

Ќе бидат финансирани 100% од искористените тенкови во битката.
На пример: Ако искористите 120фф и 12 тенкови при тоа, тие ќе ви бидат надоместени.
Не е задолжително да се пука во секоја битка, но ако ги пропуштите повеќето од нив ќе бидете отстранети од сквадот, затоа што можеби го зафаќате местото на некој поактивен од вас.

Предности:
Овој сквад нуди повеќе предности од кои најважно е тоа што штетата не ќе биде залудно искористена и ќе биде клучна за крајот на една кампања.
Нема потреба да ја напуштите вашата сегашна единица.
Исто така, ќе имате можност да запознаете многу нови луѓе и да создадете нови пријателства.
Ако сакате да бидете дел од сквадот, потполнете ја следнава апликација: http://tinyurl.com/afne3rv и ќе ве исконтактираме во најкраток можен рок.

КОНКУРСОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ТРАЕ ДО 17 МАРТ.


Исто така, би сакале да објавиме конкурс за аватар.
Аватарот мора да ги содржи иницијалите на сквадот односно – CoT MC (Circle of Trust – Movable Cropus)
Најдобриот предлог ќе биде симболично награден со 10 голд.
Вашите предлози испратете ги кај Jorgihnio II.




Затоа што - заедно сме посилни, да. Освен јас, јас можам и сама.
Со доза на љубов и внимание,
М, Angelique.A