Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy

Вицови за Полицајци [cobe 92]

Day 1,986, 12:48 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by cobe 92

Четврток, 14 Април 2011 23:53
Застанува полицаец автобус во кој се наоѓаат четириесет Јаховини сведоци. Влегува внатре и го прашува возачот:
- Па добро што е ова?

А возачот му дава список со имиња на патниците и му вели па тоа се Јаховини сведоци.
Полицаецот погледнува во списокот и вели:
- Па добро што направил тој Јахов, па што му требаат толку сведоци.

Зошто полицајците и полициските кучиња ги полагаат заедно тестовите?
За да не препишуваат полицајците.

Застанува полицаец некој човек и му вели:
Ќе направиме еден тест за тоа дали си пијан, ако ми одговориш ќе ти поверувам дека не пиеше.
Е ај кажи ми дали Мики Маус беше Мачка или Куче?

Седат полицаец и неговиот син дома и полицаецот го кара синот:
- Сине навистина мислам дека не е во ред да пушиш уште во петто одделение.
- Да тато, но нели ти ми имаш кажувано дека си почнал да пушиш во петто.
- Па добро, али јас тогаш имав седумнаесет години.

Полицаец ги пушта жената и децата на одмори по една недела оди да му се придружи. Доаѓа во хотелот и одма се нафрла на својата жена.
- Но драги, нема смисла децата се до нас ќе не слушнат, вели жената.
- Да, во право си.
После пола саат одат на плажа на самрак, сами и започнуваат страсно да водат љубов. Дури се во занес поминува полицаец и со висок тон им вели:
- Па добро, како не се засрамите, веднаш да се облечите, вакви работи не се прават на јавно место.
- Ух извинете, вели мажот. Но се немаме видено веќе една недела, па неможевме да ги тргнеме рацете еден од друг. Знаете и јас сум полицаец, не би било добро да ми пишете казна за овој мал прекршок.
- Добро колега, вас ќе ви простам овој пат. Но оваа ороспија ќе јади казна, веќе трет пат на наоѓам тука последната недела.

Како се кажува "уметнички" полицаец?
Униформиран експерт со body-art пендрак.

Зборуваат двајца полицајци еден со друг.
- Дали имаш слушнато дека на Маркс имало луѓе.
- Море колку си глуп, не се вика Маркс, туку Марс. А тоа дека таму има луѓе ти е само хипотенуза.

Полицаец застанува возач и му вели:
- Јас тебе четврт пат ти викам дека нешто ти течи од камионот.
- А јас тебе повтнорно ти кажувам дека ова е цистерна за чистење на патишта.

Седат двајца полицајци облечени како цивили во кафана и слушаат еден од гостите како кажува виц.
- Зошто полицајците секогаш шетаат по двајца.
- Еден знае да пишува, а другиот да зборува. - одговара друг гостин.
Во тој момент еден од полицајците станува и му вели на гостинот:
- Господине, ве молам вашето име.
- Перо Перовски.
На тоа полицаецот додава:
- Колега, запиши.

Зошто во полициска станица ставаат ограда околу CD ROM?
За да не им побегне CD.

Се тепаат двајца на улица и доаѓа полицаец и ги дели.
- Како се викате?
- Петар Јованов, одговара првиот.
- А ти?
- Петар Трајчевски, одговара вториот.
- Па добро, не ви е страм. Браќа сте, а се тепате.

Брка полицаец крадец и му се дере:
- застани бе, застани!!
А овој му вика:
- застани ти, тебе никој не те брка!

Се возеле двајца полицајци во кола и гледаат еден полицаец како седнал у кајче на сред ливада и весла... Едниов цајкан му вели на другиов:
- Е ради вакви ко овој не праат нас цајканите глупи.
И другиов вели:
- Да бе, да знаев да пливам ќе му отидев и ќе го задавев.

Зошто полицаец навечер под креветот чува една полна чаша со вода и една празна?
- Можеби ќе биде жеден, а можеби нема.

Зошто полицајците никогаш не се бањаат?
- Пошто чекаат да се запали зелено светло на бојлерот.

Си оди калуѓерка по пат, кога пред неа полицаец, вади пендракот и ја мава од ќотек... Лежи таа на земјата, а полицаецот целиот окезен:
- А, нинџа?!? Не ти е денот.?.!.?.

Се јавуваат од некоја фирма во полициска станица и ги прашуваат-
- се извинуваме зашто примивме еден ист факс од вас 60 пати??
И цајканиве збунети одговараат
- Па ние го праќавме али факсот цело време ни се враќаше.


Си бил некој полицаец и му умрела мајката и се собрале сите роднини на погреб. На полицаецот му заѕвонел телефонот и овој се јавува...
- Ало? Аха добро...
Го прашуваат сите што е работата, и овој вика:
- А бе несреќа у несреќа.... и на брат ми мајка му умрела.

Шета полицаец по улица и гледа едно дете со цигара во уста. Му ја зима цигарата и му вика знаеш ли дека пушењето ти го скратува животот за половина. Колку години имаш? Малиот вика 9. Е сеа да не пушеше ке имаше 18.

 

Comments

cobe 92
cobe 92 Day 1,986, 12:49

SHOUT: Вицови за Полицајци [cobe 92]
http://www.erepublik.com/mk/article/-cobe-92-1-2252798/1/20

KarateMK
KarateMK Day 1,988, 11:06

Добри вести [KarateMK]
http://www.erepublik.com/en/article/-karatemk-1-2253600/1/20

REKLAMAAAA BRATUUUUU!!!

Dragan Ampovski
Dragan Ampovski Day 1,986, 13:42

v9 is1000
cestito

TashaMKD
TashaMKD Day 1,987, 03:39

o7

Shanix
Shanix Day 1,987, 03:54

V

Stanimir Georgiew
Stanimir Georgiew Day 1,987, 04:29

о7

iMacedon
iMacedon Day 1,987, 04:38

в58 с1018

Hannibal Lecter93
Hannibal Lecter93 Day 1,987, 07:18

Vote 84+sub 1028

Field Marshal Dmytro Vdovych
Field Marshal Dmytro Vdovych Day 1,987, 08:56

v86/s old

Anakin Skywalker MKD
Anakin Skywalker MKD Day 1,987, 10:40

Dobri vicovi ))

kapri001
kapri001 Day 1,987, 13:37

dont like ((

Kopuk MKD
Kopuk MKD Day 1,988, 12:02

Kako se rascistuva guzva na krstosnica?
Mu davas kafe-pauza na soobrakaecot.!

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.