Денес над Македонија се раѓа [CAB]

Day 1,822, 22:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Македонецот од секогаш се борел и кога изгледите не биле на негова страна, но дали значи дека требало да се откаже и помири со status quo кој му бил наметнат. Нормално НЕ.

Многу мислења има за тековната ситуација. Сигурно и за некои од нив читавте во повеќе статии вчера, особено во таа на лазароса
( http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-2157606/1/20 )

Водејќи се од тоа како сме како народ во РЖ и како се одвивиаат работите на еРепублик, секој човек кој подолго време е на играта ќе каже, нема јаки нации, нема вечни сојузи, нема вечни непријатели, нема вечни НАП-ови, нема фармери Македонци. Играта како и животот е циклус. Еднаш сте горе, еднаш доле, за повторно да се издигнете.

Македонците знаат дека најинтересните моменти кои сме ги имале во играва биле неколку, но повеќето биле против Грција. Не поради тролањето, не поради надмоќноста или слабоста, туку фактот дека како еНации секогаш сме биле горди и со срце и во битките сме давале се.

Сите се сеќаваат на тешките битки, на мирисот на свежите тенкови тазе спремени за битка, на напорите во последните минути, на ПРЦ на крајот од битките, на паднатите херои, на милионите на ScymeX, Aexil, Kong, Mudash, El che, VOIX и останатите.

Сетете се дека сепак ова е игра, дека и покрај неизмерната љубов која ја чуствуваме за Македонија и нејзината добросостојба, и напредокот на сите во неа, сите сме тука, не за мирот, туку за сета возбуда на вистинската битка. Сите ќе се сетат која е причината поради која дошле на оваа проклета игра.

Јас како претседател комплетно ја превземам одговорноста за се што се случува и вие како народ, а особено конгресот, сте должни да пуштите импич секој момент кога вие сметате, дека тоа е исправно и сте незадоволни.

Со среќа нека ни се моментите кои ги доживуваме, нека се забавни за сите и тие за и тие против.

Вечна нека ни е Македонија, а битките забавни.

Претседател на еМакедонија
Crash and Burn

П.С. Не тенкајте од одма, не трошете повеќе од што мора. Ќе биде долга војна.