ДИПЛОМАТИЈА [BucephalusIII]

Day 2,275, 03:02 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Сакани мои добро утро,ден и ноќ.

Предмалку пишав еден долг реферат и на ваша среќа а на моја жалост...исчезна како резултат од мојата снаодливост со багиранава игра...но јас како упорен инаетџија се потрудив повторно на кратко да ве потсетам а и дадам на знаење на некои нови играчи кои...ајде ги разбирам...ама вие постариве??...по ѓаволите!



Убави мои, нормално е да знаете вие она од што гледате во реалниот живот дека дипломатијата ја користат две или повеќе земји седнати на маса, излезени во природа, денес преку видео на интернет, телефон и.т.н.

Овде на играва не е се така како и во реалниот живот бидејќи преовладува активноста/бројноста/силата/помошта НА ВОЕНО ПОЛЕ оти разликата на играва и реалниот живот е дека никаде не преовладува мирот!!

Знаејќи го тоа, поединци СВЕСНО но и УПОРНО го прегазуваат најглавното оружје на дипломатијата во играва.. а тоа е да војуваат и пукаат за некојси 5 злато кое ќе го добијат пукајќи во битки каде е зидот над 80%, мислејќи дека со тоа нешто ќе постигнат за својот ИНДИВИДУАЛЕН профил, а од друга страна замижуваат кога се работи за спријателување со некој трета земја која до тоа време е незасегната од нашите конфликти со нашиот јужен тросед...и згора на се, упорно го таргетираат Претседателот или Министерството за Надворешни Работи по некој неуспех во политиката/дипломатијата со навреди и нанесувајќи им вина преку разни шаути/тролања...а не се свесни дека со самото следење на наредби и координации од Власта може да достигнеме едно ниво на почит во еСветот па за да преку тоа дојдеме и ние до некој регион повеќе и конгрес....ПА ЕТЕ ГО ЗЛАТОТО И ПАРИТЕ НО И ИСПЛЕСКАНИТЕ КОПЛЕКСИРАНИ ЈУЖНИ ТРОСЕДИ!!!

**ВО ИГРАВА ПОВЕЌЕ СЕ ЦЕНИ ШТЕТАТА ВО ЕДНА БИТКА А НЕ УБАВИОТ ЗБОР**



ПА ДОБРО БЕ ПО ЃАВОЛИТЕ!!! Дали сте се запрашале од што произлегува континуираното игнорирање на оние "трети земји"???

Одговорот е - Премногу сме скржави, ДА скржави! Само за своите интереси!

Тоа е се од мене за оние кои одат и гледаат со ширум затворени очи, за останатите секоја чест...ама пак сите ве сакам...само ме нервирате :/