Македонска дипломатија [BucephalusIII]

Day 1,983, 02:09 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII
Добро утро,ден и вечер најсакани мои овој пат од Македонија

Најнапред морам да потсетам поради моменталното бришење на оригиналните наши територии да сите оние кои биле населени во Западна МКД, Источна МКД и Повардарие да се преселат во Ајман каде мислам дека сите добро знаете дека тој град би бил замена во случај да го изгубиме Дубаи и со тоа да ги изгубиме сите овие ресурси кои ги поседуваме.

Во моментов знам дека премногу прашања ви се вртат во главата за во врска со актуелниов хаос кој владее во еСветов од политички причини кој ако заврши со каков и да е епилог ќе следат драстични промени во политичката но и територијалната мапа на еСветот.

Овој месец преовладува со премногу шпекулации од најразличен вид во врска со прекројувањето на постоечките сојузи CoT,TWO и EDEN.
Секој шпекулира она што најмногу би и одговарало на неговата или нејзината еДржава без оглед на тоа што претходно не се потруди да се консултира или информира кај неговата Влада.

Затоа ќе се потрудам да ви објаснам...верувајте најкратко што можам оти овие неколку месеци премногу работи сум видел и сум прочитал.

Србија, за постарите Македонски играчи со самото читање на ова име веднаш им е јасно дека станува збор за еден најстар и верен пријател на Македонија од самото нејзино додавање но и од претходно.
За помладите играчи значи јака земја со која имаме МПП, која е членка на друг сојуз под името TWO и она што е најжално - која има 5-6 тролови/гркомани за кои мислат дека се единствените кои го презентираат јавното мислење на оваа пријателска земја кон Македонија.
Зашто го велам ова?
Многупати сум ве предупредувал во шаутирање односно јавно дебатирање да не подпаѓате на влијанието на овие гркомани кои и те како вешто знаат да го разбудат гневот ваш кој подоцна ќе вроди со бес кон Србија и со тоа да се даде алиби/причина на овие неколкумина да покажат кон нас со прст дека ние сме оние кои го иницирале прекршувањето на 3 и повеќе годишното пријателство помеѓу овие 2 држави.
Друга работа која исто сакам да ја истакнам а да подобро ме разберете а сигурно знам дека сакате да ме прашате - "Зошто само овие гркомани ги читаме по статии или шаути??"
Одговорот е: да се биде успешен трол/потпалувач (во овој случај гркоман) е да се користи буквално секоја шанса да се преврти или измени некој настан или случка која ќе доведе до несогласувања или бунило на оние не толку активни и информирани играчи за актуелните и ВИСТИНИТИ политички и пропагандни активности насекаде низ еСветот. Што се однесува до другите играчи кои знаат и го ценат нашето пријателство немаат некоја поголема желба за коментар или било каков шаут во врска со нашата Држава но и со оние кои ни се непријатели, а тоа е поради самиот факт дека Српската Влада има доста јасен став и во никој случај ја нема понижено или навредено нашата држава и од друга страна ставено на кантар заедно со нашиот Јужен тросед.
Еве еден пример на кој пред некој ден налетав - што значи многу добро им е познато кој и со какви намери го искористи гласањето во време на одлуката за регионот Косово преку кое доста добро се отслика "пријателството" или "братството" како што го нарекуваат гркоманите на некои земји од ЕДЕН.

Да не должам многу...ептен се занесов, во оваа ситуација ни требаат ладни глави. Воедно добивам секојдневна информација од нашата Влада во онаа кружна порака наречена "Академија" каде ни е кажано дека сме спремни да реагираме политички на било каква промена која секако не ја сакаме!

Македонци и Македонки, мора да ви биде јасно дека Македонија како држава во оваа игра никогаш, никому и на никој сојуз во кој членувала не му должи ни малку поради самиот факт дека се покажала како верен сојузник на кој во било кое време може да се потпре...ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ЗАЕДНО ТОЈ АДЕТ!

Што и да се случи...ГЛАВАТА ГОРЕ!

*сето ова горе напишано нема никаква врска со нашата Влада, ова е мое лично мислење и уверување.

BucephalusIII

о>