Претседателска кандидатура [Bojan aKa T-MaC]

Day 2,717, 13:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan aKa T-MaC
Поздрав Македонци/ки




После подолго размислување со самиот со себе, а после со тимот кој ќе ме подржува одлучив да се кандитирам за Претседател на Македонија.

Моменталната ситуација во која се наоѓаме не е толку лоша колку што самите си ја искомплициравме и направиме драма , мометално имаме поставено диктатор дали е тоа добро или лошо да не навлегуваме во детали го имаме и ќе се носиме со тоа , сојузи подолг период веќе нема на играва и сами може да видиме дека најчесто се пука за КО и државите кој имаат МПП се борат едени против други

За мојот мандат доколку ја имам вашата подршка не може да ви ветам дека ќе направам обид за беби бум кога оваа игра тоа не го заслужува веќе а и тоа треба да се прави од луѓе кој се медиумски активни , исто така не може да ви ветам дека ќе ви обезбедам конгрес но со сигорнос може да ви ветам дека ќе направам најголем напор овој месец да биде возбудлив и кога ќе влезете на играта да го искористие слободното време во забава и дружба и пред се добри битки а за тоа сте ми потребни и вие.

На СИТЕ треба да ни биде јасно дека ова е игра и никој тука не не држи со сила да ја играме или да си ги трошиме нашите пари за играва. Кога веќе сме во играва дајте да ја играме од забава и за дружење.

Во оваа игра секој може да биде војник , политичар , платеник , терорист,тролач , трговец итн примери. Мометално секој си наоѓа своја мотивација за играта како да му биде интересна кога ќе влезе на нејзе. Значи тука се е виртуелно и немојте да го мешаме реалниот живот со играва, тука само го губиме нашето слободно време, за некаква грешка тука не се оди во затвор или болница ако имате претерано со чоколадата, тука има само еден суд а тоа е чичо Плато 🙂. Но поркај нашата мотивација во преден план на сите ни е еМакедонија



Во изминативе години на играва бев верен војник кон сите претседатели без разлика дали неговата политика и одлука се совпаѓала со мојата. На секој претседател посебно последниве 2 години сум му топ5 војник во приотитетните битки посебно во зимскиот период кога имаме повеќе слободно време. Затоа сите претседатели кој ни беа и ќе се потсетат на нивните битки и имаат слободно време и се заинтересирани за соработка со мојот тим слободно да се јават на повикот.

Сојузници. Мометално сојузниците што ги имаме ни се уште верни, обидот Чиле да го приближат кон грција не им успеа на терористие но не се знае каков претседател ќе дојде кај нив и како ќе биде следниот период. За мене најбитно е со Бугарија по секои случај да останеме на иста страна има многу причини кои може да ги набројам за нив но ќе одвојам неколку :
- Ни се комшии , они до сега од кога влеговме во сојуз ни еднаш не дојдовме до некаков конфликт, исто се верни и лојални како нас и ние 2сме нај наивни на играва без подмилни игри{ЕДЕН-хрватска нив ги смени за Турција, нас Србите за Грците}
Значи за мене е само прифатливо со нив да сме до крајот во сојуз доколку решат да не променат што не би ни сакал да помислам на тоа и останеме само пријатели без да си поставувам НЕ како што бевме кога бевме во различни алијанси за мене тоа ќе биде поразително и без разлика на се ќе го сметам за неуспешен мојт мандат но останува времето да покаже.



Воено. Мометно имаме диктатор и нема потреба веќе да се замараме за конгрес, диктаторот може да ги менува истите закони како конгресот и да одобри државјанства, така опцијата да се чуваме за конгрес отпаѓа , значи со констатни востанија да ги доведеме да им се скурчи од нас ако е тоа можно пошто се најголемиот душман. Воздушниот Напад на почеток останува во мирување од причина да пробаме со востанија што може да се добие, и да се направи добра математика дали е исплатливо да се има региони кога сме окупирани колку ќе добиваме ние а колку јужните, или да се искористи кога е потребно на некоја членка да се зацврсти верноста.

ТИМ. Официалниот тим кој ќе биде и на која позиција, ќе биде објавен во следната статија. ВЕ ЗАМОЛУВАМ сите оние кој располагате со време и желба да се пријавите за да помагате во овој месец. Исто така мојт став одаман е ист го имам изјаснато во неколку пораки значи не може да се води дипломатија ако секој месец имаме различна екипа која преговара со сојузниците , од проста причина што секој месец политички влеваме од почеток од нов старт наместо само да се предаде штафетата т.е новиот претседател да ја земе и дел од истата екипа да си ја одработи својата работа која ќе им биде диктирано од претседателот.

Зад мојот ТИМ стојам лично јас и секоја нивна грешка ќе ја префлате на мене , секоја грешка нивна е и моја без разлика дали сум ја одобрил или не тоа требало да го мислам сега додека го формирам.

Бидете ми поздравени и се надевам на вашата подршка доколку не ја добијам останувам верен војник на претседателот што ќе дојде .

Имајте убав и весел првомајски продолжен викенд
o7

Со почит,
Бојан




Shout this article
_________________________________________________________
Претседателска кандидатура [Bojan aKa T-MaC]
http://www.erepublik.com/en/article/-bojan-aka-t-mac--2520260/1/20
_________________________________________________________