Прво Претседателско обраќање [Aliss Wonder]

Day 1,934, 11:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво живо мои Македонки и Македонци,

Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам на укажаната доверба од Ваша страна. Јас ќе сторам се што е во моја моќ да ја оправдам истата и да продолжам од таму до кај што стигна Буце.

Како што кажав претходно во мојата кандидатура, редно е месецов малку да се смириме. Што значи тоа? Тоа значи помагаме на сојузниците, ги држиме јужниве и ја полниме државната каса.
Сите знаете дека стигнавме до тука благодарение на ЦоТ, последниве месеци бевме врвен приоритет само за да ја оствариме нашата цел. Затоа сега максимално ќе се посветиме да ја возвратиме таа помош и да покажеме дека не грешат што ја имаат Македонија како сојузник !
Бидејќи деновиве ќе ги избришеме повторно јужниве, моето прво барање до вас е масовно да се преселите во Ајман пред да завршиме со бришењето. А зошто? Од проста причина што сакаме да ја зацврстиме позицијата која ја имаме во моментов и која со толку многу пот ја добивме, па затоа ни е потребен резервен главен град.

Буце претходниот мандат кажа само пофални зборови за конгресмените, се надевам дека и јас ќе можам да го кажам истото на крајот на мандатот. Затоа сакам да ги замолам конгресмените да се воздржат од пуштање на било какви непотребни закони кои би можеле да штетат на нашите идни планови или без претходна координација со владиниот тим. Јас и мојот тим сме Ви на располагање 24/7, ги знаете владините канали, тука се и групните пораки, а секако можете да ми се обратите и во приватна порака, така да во секое време можете да не исконтактирате и прашате за се што не Ви е јасно.

Се надевам дека ќе Ве задржам така сплотени ко што бевме претходниот месец. Обединети можеме да ја поминеме секоја пречка и јас верувам во силата на македонскиот народ !

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА



Претседател на еМакедонија
Aliss Wonder