Македонско - Српско/Хрватски односи [akconel]

Day 2,967, 10:05 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas

Добро вечер на сите.

Прво сакам да ви посакам Среќна Нова Година и Божиќни празници.

Мотивиран од статијата на Северус за политичката иднина на е-државава со две земји кои се покажале многу користољубиви се решив да пишам статија за нашите поранешни односи со тие две земји. Мило ми е што го гледам тоа да има јавна дискусија за одредена работа, а не како што беше во претходниот месец, секој секому да му копа гроб и да прави работи на своја рака без знаење на легитимно избраната влада.




Статијава ќе ја поделеме на два дела:

1. Македонско - Српски односи
2. Македонско - Хрватски односи


На крајот на статија ќе дадам и свое мислење околу тоа што ќе го пишам.




1. Македонско - Српски односи

Има многу носталгичари и луѓе кои ги бранат Србите дури и не маваат против нив исто така има и Срби кои не сакаат да маваат против нас и да кажуваат лоши зборови, но има и будали од двете страни кои се палат како млади мајмуни на секоја провокација што донесе до разделување на патишата на двете држави. Тука се и троловите кои успешно си ја завршија својата работа.

Факт е дека Србите неколку пати не разочараа и ни свртуваа грб во играва само заради тоа што бираа штета наместо лојалност и пријателство.

Ке наведам само неколку причини каде што Србите не клоцаа во минатото, а ги има повеќе.




1.1
Уште кога се формираше CTRL сојузот Србите имаа можност да влезат во нов сојуз и да не клоцнат или да останат до крај пријатели со нас. Ја одбраа првата можност под притисок на Полска која си игра ташак со Србите со години, а гледаме денес колку им ,,помагаат и се верни сојузници''.




1.2
Односите беа разнишани. Подоцна дојдоа со барање да им се отстапат региони во Италија за да можат да дојдат до ресурс повеќе. Наивни ние им дадовме региони во Италија со договор кога ке ни затребаат и побараме Србите самоволно да ни ги вратат. Дојде денот кога ни затребаа ресурсите во Италија а Србите се правеа како ништо да не знаат и како никогаш ништо да не се случило па кога видоа дека не пиеме нафта не залажаа давајќи ни 2-3 региони во Арабија што во споредба со регионите во Италија беше ништо.




1.3
Србите упорно тврдат дека Македонците се први кои го ,,предадоа'' братството со потпишувањето на МПП со Америка. Немојте Срби да се правите будали на здрав разум сите знаеме дека одамна пред тоа МПП со Америка ВИЕ први преговаравте и беше договорено МПП со Романија значи зад грб работевте цело време, а нашето МПП со Америка го искористивте само за да тролате дека ние сме криви. Додуша денес токму тие Срби рокаат како да им зависи животот за Америка во директните наши битки со нив.




1.4
Следно предавство од страна на Србите е потпишување на МПП со нашиот најголем и смртен непријател на играва Грција. И за ова ли Македонците се криви? До пред потпишувањето на МПП ретки беа Македонците и тоа некој залутан трол кој маваше против Србија. И ова е пријателство без граници како Романското доста Грчки играчи лупаа против Србија или пак кукаа на Србите дека ,,неможат'' да и помогнат зошто не држат нас.




1.5
Неуспешниот воздушен напад над Пакитан. До пред тоа Србите воопшто не знаеа каде се наоѓа Пакистан па наеднаш стана света Српска земја која треба да се брани од злобните Македонци.




1.6
Нашите ослободителни востанија против Грчка за конгрес само колку ли колку се турија од тенкање кутрите Срби (секоја чест на исклучоците) да си ги заштитат новите братчиња од кои ке проплачат во иднина.




1.7
Тазе ни се случувањата од Франција. Многу загрижени играчи наведуваа да се прекине операцијата против Аргентина зошто ќе го нарушиме односот со Србија. Се виде на крајот колку... море немам поим за тоа... се истурија, искинаа, одраа од мавање против нас. Многумина наоѓаа оправдувања за Србија дека имаат МПП со Франција и им се сојузници. За жал не добив одговор од поддржувачите и бранителите на Србија за следнава точка:




1.8
Од каде и како добија тие храброст да ни креваат нас востание во Индија, во период кога се колевме со Францизите, тие да си изиграваат шерифи и да ја тераат работата против Хрватска? Со кое лице тие го кренаа востанието и го финансираа при јасно дадено објаснување од нашата влада дека во моментот не е време за таква работа? Ние да го направевме тоа ќе го јадевме стапот.




Несакам да бидам сфатен дека плукам по Србите за да нема пријателски односи меѓу нашите држави, туку сакам само да им покажам и докажам дека неможе да си играат како сакаат и да се прават наудрени дека за ништо не се тие криви туку ние секогаш сме ги разочарувале.




2. Македонско - Хрватски односи

Не знам зошто сеуште и сеуште се продолжува да им се лижи газ на Хрватите и да ги молиме за едно плукнато МПП. Во мандатот на Димза се бараше МПП, Крсте мандатот, во мојот, Персеј бараше МПП. Па зошто и ден денес со нив се расправаме?




Хрватите сеуште се во некој филм дека не ги предаваат своите сојузници и остануваат верни на сојузот. На кој сојуз се верни? На сојуз кој не постои?

Нели направија предавство со потпишувањето на МПП со нашите сојузници: Чиле, Ирска, Венецуела, Мексико, Парагвај, Шпанија?

Нели овие МПП се предавство кон ,,нивниот сојуз’’ кој не постои и од кој излегоа?




Хрватите се мислеа дека се веле сила пикнати во Индија и мислат дека никој не ги напаѓа (поготово Србија) зошто се плашат од нив дека се многу јаки. Конечно дојде тој ден кога Србите ги зедоа на клоци од Индија и некои работи им станаа јасни, па се очекува да се почне со плачки.




2.1
Колку ли брзо го заборавивте тоа, како Хрватите кои сега ги редите на избор, не трескаа од земја сред наш сојуз Аурора?

2.2
Како само заборавивте дека Хрватите цело време работеа на уништување на нашите односи со Чиле?

2.3
Како само заборавивте на нивното бескрајно мразење, вреѓање, тенкање против нас за Грците?

Им згусна сега, видоа дека Чиле лека полека тоне по сила и сега ќе поминат само со некое лигаво извини, МПП и статија каде ќе глумиме среќна заедница?




МОЕ МИСЛЕЊЕ

Зошто секогаш Македонија да е таа која ќе мора да бира?

Зошто сега Македонија да прави некаков избор кога сите лека полека иако звучи неверојатно, почнаа да ни се лижат и да имаат висок степен на респект спрема нас, заради помалите дивизии?

Зошто Македонија да и дава причина на Грција повторно да ја искористи нашата држава и глупава добродушност да се бира страна и да се помогне на некој?

Како би профитирала Грција? Многу едноставно:

1. Ако ги одбереме Србите, ќе ни лупнат НЕ и ќе прават лице демек им помагаат на Хрватите, зошто им влечат штета на сојузниците на нивниот непријател.

2. Ако ги одбереме Хрватите, исто сценарио, ќе ни закачат НЕ, ќе ги втурниме во прегратка на Србите, и ќе им станат спасители.

Гледате дека лека полека сите им се навртени со негативни размислувања према Грција, вие сега само ќе им сервирате карта за спас. Ние ќе го јадеме стапот, ама ќе бидеме ,,горди'' што ќе правиме избор на кој некој од страна ќе се смешка.

Македонскиот народ во последниот период покажа толкава нестабилност што не знае што сака. Ако се има војна, се бара стабилизација. А почне стабилизација, дрн дрн војна ние досадно вака така.

Дајте бре луѓе малце лупнете кочница и фаќајте сеир, летајте по вукојебини, и бидете арни со сите. Погледнете како игра Полска, Чиле, Словенија, за Грчка да не зборувам, зошто ние да бидеме секогаш тие кои ќе бидат ,,гордо избришани'' и да делеме пријатели од непријатели?

Гледате дека двете страни се големи го*на кои си гледаат само свои интереси, а вие упорно редите приоритети.



Очекувам иста дебата како во статијата на Северус. Ова се битни времиња кои ќе ги одредат позициите и иднината на Балканот. Мораме да бидеме паметни и да играме како нас ни одговара, а не како другите тоа го бараат од нас.

Се читаме во коментарите.

Со почит.

akconel