Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy

Ден на мaкедонската револуционерна борба [dDejan]

Day 2,164, 14:04 by dDejan

На денешен ден, пред 120 години, формиран е Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Комитетот е формиран во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, заедно со Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев



Организацијата е формирана да се бори за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО е почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 (Крушевската република) и подоцна преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.



Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултира со тоа денеска да имаме сопствена, независна држава.



Од името на Револуцинонерната Партија на еМакедонија на сите Македонци им го честитам овој значаен празник.

 

Comments

dDejan
dDejan Day 2,164, 14:05

За шаут

Ден на мaкедонската револуционерна борба [dDejan]
http://www.erepublik.com/en/article/2332765

mojov
mojov Day 2,164, 14:16

o7

Red Stefan
Red Stefan Day 2,164, 14:18

Честит нека ни е денот на Револуционерната борба о7

UNISTUVAC MKD
UNISTUVAC MKD Day 2,164, 14:20

o7

goce.bs
goce.bs Day 2,164, 14:25

na denesen den e sozdadena Tajnata Makedonsko-Odrinska Revolucionerna Organizacija ako go pocituvas ovoj den pocituvaj go i toa sto se slucilo na toj den si imame prekrasna istorija i nikoj nema pravo da ja menuva ili prekrstuva po negovo

dDejan
dDejan Day 2,164, 14:37

Не ми е целта да менувам историја, не сум историчар па не сум компетентен да коментирам повеќе. Ќе го оставам само линков како еден од користените извори
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E

dDejan
dDejan Day 2,164, 14:38

ѓубрево ереп го пореметува горниов линк така да или копи паста, или овој http://tinyurl.com/lj6jmuf

goce.bs
goce.bs Day 2,164, 14:42

organizacijata go dobiva imeto VMRO vo vremeto na Todor Aleksandrov a praznuvame nesto sto se slucilo30-40 godini porano

dDejan
dDejan Day 2,164, 15:00

Во белешките од статијата стои зашто некогаш се именува таа организација како МРО а некогаш како ТМОРО

http://i.imgur.com/IoGArC9.png

А не знам зашто има дискусии, во уставот јасно стои ТМОРО

goce.bs
goce.bs Day 2,165, 13:09

prva balkanska drzava koja makedonija ja smeta za svoja e bugarija i toa datira od vremeto na samoil. bugarite postojano i pravele opstrukcii na tmoro za da go zalazat narodot deka nemoze sam da se oslobodi. bugarskite spiuni vmetnuvale luge vo organizacijata koj sozdavale pogresna slika za organizacijata inaku postojat avtenticni pisani dokumenti koj jasno go kazuvaat imeto na organizacijata

volk 1975
volk 1975 Day 2,164, 14:27

o/

Jurukov
Jurukov Day 2,164, 14:32

o/

DGKukusev
DGKukusev Day 2,165, 09:22

о7

Stole Lazarov
Stole Lazarov Day 2,166, 00:12

Ajde neka e za sv.Vmro

Belkim Goceta nema da ni pise grev sto rabotime na toj den

Emperor Mucko
Emperor Mucko Day 2,166, 03:40

Колку и да не ни се допаѓа, првото име на организацијата не било (во скратена форма) ни ВМРО, ни ТМРО, дури ни ТМОРО. Било БМОРК, еве зачуван е и првиот Устав со тоа име:
https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-frc3/1395215_568891506497460_831487984_n.jpg

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.